ЛЕВИТ 19
19
Светост во поведение
1Господ му рече на Мојсеја: 2„Зборувај му на целото општество на Израелевите синови и речи им: ‘Бидете свети, зашто Сум свет Јас Господ, ваш Бог! 3Бојте се секој од својата мајка и од својот татко; и пазете ги Моите саботи; Јас Сум Господ, ваш Бог! 4Не обратувајте им се на идолите и не правете си леани богови. Јас Сум Господ, ваш Бог!’ 5‘Кога ќе Му принесувате на Господа помирителна жртва, принесете ја така за да биде примена. 6Изедете ја на денот на принесувањето или утреден. Што ќе остане за задутре нека биде изгорено во оган. 7Ако се јаде од неа на третиот ден, ќе биде одвратно; а жртвата нема да биде примена. 8А кој ќе јаде нека ги понесе последиците од гревот; зашто тој ја онечистил Господовата светина; таквиот нека биде истребен од својот народ!’
9‘Кога ќе жниете жетва во вашата земја, не дожневајте ги до крај вашите ниви; ниту собирајте ги класовите по вашата жетва. 10Не бери го повторно твоето лозје; не собирај ги паднатите зрна во твоето лозје; туку остави ги за бедните и за странецот! Јас Сум Господ, ваш Бог.’
11’Не крадете; не лажете го и не мамете го својот ближен. 12Не колнете се лажно во Моето име и не осквернувај го името на твојот Бог. Јас Сум Господ! 13Не искористувај го твојот ближен, ниту го ограбувај! Платата на наемникот нека не остане кај тебе до утрото. 14Не проколнувај го глувиот, ниту ставај пречка пред слепиот. Бој се од твојот Бог! Јас Сум Господ!’
15‘Не правете неправди во судот! Не биди пристрасен кон бедниот, ниту попуштај пред големиот: суди му по правда на твојот ближен! 16Не разнесувај клевети меѓу твојот народ и не станувај против животот на твојот ближен. Јас Сум Господ!’
17‘Не мрази го твојот брат во твоето срце! Должност ти е да го кориш твојот ближен, така не ќе паднеш во грев заради него. 18Не се одмаздувај и немај злоба кон синовите на твојот народ. Љуби го својот ближен како себеси. Јас Сум Господ!’
19‘Пазете ги Моите заповеди! Не оставај го твојот добиток да се спарува со друг вид. Не засевај ја твојата нива со два вида семе. Не облекувај се во облека од два вида ткаенина.’
20‘Ако некој преспие со робинка, која е свршена за друг, но уште не е откупена ниту ѝ е дадена слободата: треба да бидат казнети, но не со смрт, зашто таа не е слободна. 21Тој нека Му принесе на Господа, при влезот во Шаторот на средбата, принос за престап, овен како жртва за својот престап. 22И свештеникот ќе направи да му се покрие гревот, пред Господа, со овенот за престап од сторениот грев, и ќе му биде простен гревот што го направил.’
23‘Кога ќе влезете во земјата и кога ќе засадите каква и да е овошка, сметајте ги нејзините плодови за необрезани. Три години нека ви бидат необрезани: не јадете ги. 24На четвртата година нека бидат посветени сите нејзини плодови на Господовите празнувања. 25А на петтата година јадете го нејзиниот плод и собирајте го нејзиниот род. Јас Сум Господ, ваш Бог!’
26‘Не јадете со крв! Не вражајте и не гатајте! 27Не стрижете ја косата на вашите глави кружно и не стрижете го крајот на вашите бради. 28Не врежувајте засеци на вашето тело за покојник; ниту засечувајте некакви знаци на себе. Јас Сум Господ!’
29‘Не осквернувај ја твојата ќерка, дозволувајќи ѝ да блудствува; за да не блудствува земјата и за да не се наполни земјата со разврат. 30Пазете ги Моите саботи, почитувајте го Моето Светилиште. Јас Сум Господ!’
31‘Не обратувајте им се на повикувачите на духови и на волшебниците. Тие би ве онечистиле. Јас Сум Господ, вашиот Бог!’ 32‘Стани пред седа глава; почитувај го лицето на старецот; бој се од твојот Бог. Јас Сум Господ!’
33‘Ако странец се насели во вашата земја, не угнетувајте го, 34Туѓинецот, кој престојува со вас, нека ви биде како ваш сонародник; љуби го како себеси; зашто и вие бевте странци во Египетската Земја. Јас Сум Господ, ваш Бог!’
35‘Не правете неправда во судот, во мерките за должина, тежина и обем. 36Мерките нека ви бидат точни: теговите еднакви, ефата права, инот вистински. Јас Сум Господ, вашиот Бог, Кој ве изведе од Египетската Земја. 37Пазете ги сите Мои закони и сите Мои наредби и исполнувајте ги. Јас Сум Господ!’“
Селектирано:
ЛЕВИТ 19: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
![None](/_next/image?url=https%3A%2F%2Fimageproxy.youversionapistaging.com%2F58%2Fhttps%3A%2F%2Fweb-assets.youversion.com%2Fapp-icons%2Fmk.png&w=128&q=75)
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

:
Нагласи
Сподели
Копирај
![None](/_next/image?url=https%3A%2F%2Fimageproxy.youversionapistaging.com%2F58%2Fhttps%3A%2F%2Fweb-assets.youversion.com%2Fapp-icons%2Fen.png&w=128&q=75)