ЛУКА 1
1
Вовед и посвета на Теофил
1Бидејќи мнозина почнаа да ги опишуваат настаните, кои се наполно уверливи меѓу нас, 2како што ни ги предадоа оние, кои од почеток беа очевидци и служители на Словото, 3намислив и јас, отка-ко испитав сѐ подробно од почеток, да ти ги опишам по ред, честити Теофиле, 4за да ја разбе-реш вистинитоста на она, во кое што си бил поучуван.
Навестување на раѓањето на Јова-на Крстител
5Во деновите на јудејскиот цар Ирод, беше еден свештеник, по име Захарија, од Авијановиот род; и неговата жена од Ароновите ќерки, по име Елисавета. 6Двајца-та беа праведни пред Бога, одејќи без недостаток, според сите Госпо-дови заповеди и повелби. 7Немаа дете, зашто Елисавета беше не-плодна, а двајцата беа во години.
8Еднаш кога тој ја вршеше свеште-ната служба пред Бога, по редот на својот чин, 9според свештеничкиот обичај, му се падна со жрепка да влезе во Господовиот Храм и да покади. 10А за време на кадењето целото множество на народот се молеше надвор.
11Тогаш му се јави Господов ангел, стоејќи оддесно на кадилниот жртвеник. 12Кога го виде, Захарија се збуни и страв го опфати. 13Но, ангелот му рече: „Не бој се, Захарија! зашто е услишана твојата молитва! Твојата жена Елисаве-та ќе роди син, кому треба да му го дадеш името Јован. 14Ќе се радуваш и ќе се веселиш, и мнозина ќе се зарадуваат на неговото раѓање. 15Зашто ќе биде голем пред Господа - нема да пие ни вино ни опојни пијалаци; и ќе се наполни со Светиот Дух уште во утробата на својата мајка; 16и многу Израелеви синови ќе ги обрати кон Господа, нивниот Бог. 17Тој ќе врви пред Него во Илиевиот дух и сила, за да ги обрати срцата на татковците кон децата; а непокорните кон мудроста на праведниците, и да Му приготви на Господа совршени луѓе.“ 18А Захарија му рече на ангелот: „По што ќе го познам тоа? Јас сум стар, а и жена ми е застарена во своите дни!“ 19Анге-лот одговори и му рече: „Јас сум Гавриел, кој стои пред Бога и испратен сум да зборувам со тебе и да ти ја известам оваа радосна вест. 20И ете, ќе онемиш и не ќе можеш да зборуваш до денот, кога ќе се збидне ова; зашто не им поверува на моите зборови, што ќе се исполнат во свое време.“ 21А луѓето го чекаа Захарија и се чудеа зошто толку долго се задржа во Храмот. 22А кога излезе, не можеше да им зборува и тие разбраа дека видел видение во Храмот. И тој им даваше знаци и остана нем. 23И кога се свршија деновите на неговата служба, се врати во својот дом. 24А по тие дни, неговата жена Елисавета зачна и се криеше пет месеци и велеше: 25“Ова ми стори Господ во деновите кога погледна на мене, за да го отстрани мојот срам меѓу луѓето.“
Навестување на Исусовото раѓање
26А во шестиот месец, Бог го испрати ангелот Гавриел во галилејскиот град, по име Назарет, 27при девица свршена за маж, по име Јосиф, од Давидовиот дом. А името на девицата беше Марија. 28И кога ангелот дојде при неа ѝ рече: „Радувај се благодатна! Гос-под е со тебе, благословена си ти меѓу жените!“ 29Таа се уплаши од тој збор и размислуваше: каков поздрав ќе биде тоа? 30Тогаш ангелот ѝ рече: „Не бој се Марија, зашто си нашла милост пред Бога. 31И ете, ќе зачнеш и ќе родиш Син, и ќе Му го дадеш името Исус. 32Тој ќе биде голем и ќе се нарече Син на Сѐвишниот. И Господ Бог ќе Му го даде престолот на Неговиот татко Давид. 33И ќе царува над Јакововиот дом довека, и Неговото Царство не ќе има крај.“ 34А Марија му рече на ангелот: „Како ќе биде тоа, кога не знам за маж?“ 35Ангелот одговори и ѝ рече: „Светиот Дух ќе дојде на тебе и силата на Сѐвишниот ќе те осени; затоа Светото кое ќе биде родено од тебе - ќе се нарече Божји Син. 36И ете твојата роднина Елисавета, и таа зачна син во својата старост. И тоа е веќе шестиот месец за неа, која ја наре-чуваат неплодна. 37Зашто ниеден збор од Бога нема да остане без сила.“ 38Марија му рече: „Еве ја Господовата слугинка, нека ми биде според твојот збор!“ И ангелот си отиде од неа.
Средба на Марија со Елисавета
39Во тие дни, Марија стана и отиде набргу во планинскиот крај, во еден Јудин град. 40Влезе во куќата на Захарија и ја поздрави Елиса-вета. 41И штом Елисавета го чу поздравот од Марија, младенецот ѝ заигра во утробата, а Елисавета се исполни со Светиот Дух. 42И извика гласно и рече: „Благосло-вена си ти меѓу жените! И благо-словен е плодот на твојата утроба! 43И откаде ми е тоа, мајката на мојот Господ да дојде при мене? 44Зашто, ете, кога гласот на твојот поздрав дојде до моите уши, младе-нецот заигра од радост во мојата утроба. 45И блажена е таа, која поверува дека ќе се исполни она, што Господ ѝ го рекол.“
Химната на Марија
46И Марија рече: „Мојата душа Го велича Господа! 47И мојот дух се зарадува во Бога, мојот Спасител, 48зашто ја погледна смиреноста на Својата слугинка. И ете! Отсега сите родови ќе ме наречуваат блажена, 49зашто Силниот изврши големи дела за мене и Неговото име е свето, 50и Неговата милост од род до род, за оние, кои се бојат од Него. 51Со Својата рака напра-ви силни дела: ги распрсна горделивите во мислите на нивните срца, 52ги симна владетелите од престолите, а ги воздигна смирените, 53гладните ги насити со блага, а богатите ги отпушти празни; 54го прифати Израел, Својот слуга, да си спомни на милоста, 55како што им рече на нашите татковци - на Авраама и на неговото Семе, довека.“
56А Марија остана со неа околу три месеци; и се врати во својот дом.
Раѓањето на Јована Крстител
57А на Елисавета ѝ дојде време да роди, и роди син. 58И кога нејзините соседи и роднини чуја дека Господ ѝ укажа голема милост, се радуваа со неа. 59А на осмиот ден дојдоа да го обрежат детето, и го наречуваа Захарија, по името на татка му. 60Но неговата мајка рече: „Не, туку ќе се нарече Јован!“ 61Ѝ рекоа: „Нема никој во твојот род, кој се вика така.“ 62И му дадоа знаци на татко му, како би сакал да го наречат. 63А тој побара штичка и напиша: „Јован му е името.“ И сите се зачудија. 64И веднаш му се отворија устата и јазикот и прого-вори и Го благословуваше Бога. 65И страв ги опфати сите нивни соседи. И се говореше за сѐ тоа по целиот планински крај на Јудеја, 66и сите, кои чуја, го примија тоа во своите срца, велејќи: „Што ќе биде од ова дете?“ Зашто Господовата рака беше со него.
Захариево славење и пророштво
67А татко му Захарија се исполни со Светиот Дух и пророкуваше, велејќи: 68“Благословен е Господ, Израелевиот Бог, зашто го посети и го искупи Својот народ; 69и ни издигна рог за спасение во домот на Својот служител Давид; 70како што вети од стари времиња: преку устата на Своите пророци: 71Спа-сение од нашите непријатели и од рацете на сите, кои нѐ мразат, 72за да ја пројави милоста над нашите татковци и да се сети на Својот свет Завет, 73за заклетвата со која му се заколна на нашиот татко Авраам, дека ќе ни даде 74да Му служиме без страв, избавени од рацете на непријателите; 75во светост и праведност пред Него, во сите наши дни. 76А ти, младенче, ќе се наречеш пророк на Сѐви-шниот, зашто ќе одиш пред Господа, за да Му ги приготвиш Неговите патишта, 77за да му дадеш на Неговиот народ, да познае спасение преку проштавањето на нивните гревови, 78преку милос-тивото срце на нашиот Бог, со кое ќе нѐ посети Зората од висините, 79за да ги осветли оние, кои седат во темнина и во смртна сенка, и да ги упати нашите нозе по патот на мирот.“
80А детето растеше и јакнеше со духот, и беше во пустините до денот кога му се јави на Израел.
Селектирано:
ЛУКА 1: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: