Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЛУКА 11:1-12

ЛУКА 11:1-12 MKB

А кога се молеше на едно место и кога престана, еден од Неговите ученици Му рече: „Господи, научи нѐ да се молиме, како што и Јован ги научи своите ученици!“ А Тој им рече: „Кога се молите - говорите: „Татко наш, Кој си на небесата, да се свети Твоето име! Да дојде Твоето Царство! Да биде Твојата волја како на небото, така и на земјата! Нашиот насушен леб, давај ни го секој ден! Прости ни ги нашите гревови, зашто и ние самите му ги проштаваме на секој должник! И не нѐ воведувај во искушение, но избави не од злото!“ И им рече: „Ако некој од вас има пријател и отиде при него на полноќ, и му рече: „Пријателе, дај ми на заем три леба, зашто ми дојде пријател од пат, а немам што да ставам пред него!“ А оној одвнатре да му одговори: ‘Не ме обеспокојувај, вратата е веќе затворена, а моите деца се со мене во постелата, не можам да станам и да ти дадам,’ ви велам, ако и не би станал да му даде, затоа што му е пријател, ќе стане заради неговото настојување и ќе му даде, колку што му треба. И Јас ви велам: „Молете, и ќе ви се даде! Барајте, и ќе најдете! Чукајте, и ќе ви се отвори! Зашто секој, кој моли - прима; и кој бара - наоѓа; а на оној, кој чука - ќе му се отвори. И кој е оној татко, меѓу вас, кој ќе му даде на сина си камен - ако побара леб? Или, ако побара риба, да му даде место риба - змија? Или ако побара јајце - да му даде скорпија?