ЛУКА 13
13
Покајание или погибел
1Во исто време дојдоа некои и Го известија за Галилеј-ците, чија крв Пилат ја измеша со нивните жртви. 2Тој одговори и им рече: „Мислите ли дека тие Галилејци беа повеќе грешни од сите други Галилејци, зашто настрадаа така? 3Не, ви велам, но ако не се покаете, сите ќе загинете така. 4Или мислите дека оние осумнаесет души, врз кои падна Силоамската кула и ги уби, беа повиновни од сите луѓе, кои живеат во Ерусалим? 5Не, ви велам! Но ако не се покаете, сите ќе загинете така.“
6Ја кажа и оваа парабола: „Некој имаше посадено смоква во своето лозје; и дојде да побара плод на неа, но не најде. 7Тогаш му рече на лозарот: „Еве, веќе три години доаѓам и барам плод на оваа смоква, но не наоѓам. Пресечи ја! Зошто уште да ја испостува земјата?“ 8Но тој му одговори и рече: „Господаре, остави ја уште оваа година, додека раскопам околу неа и ја наѓубрам; 9па можеби ќе роди, ако пак не роди, ќе ја пресечеш во иднина.“
Исцелување на жена во сабота. Приказна за синапово зрно и за квасот. Тесна врата. Тажачка над Ерусалим
10А кога поучуваше во сабота, во една синагога, 11ете, таму беше една жена, која осумнаесет години имаше дух, предизвикувач на болеста; и беше згрчена и не можеше да се исправи. 12Штом Исус ја виде, ја повика и ѝ рече: „Жено, ослободена си од својата болест.“ 13И ги стави рацете врз неа, а таа се исправи веднаш и Го славеше Бога. 14А настојникот на синагогата негодуваше, дека Исус исцели во сабота и му рече на народот: „Има шест дена во кои треба да се работи! Во тие дни доаѓајте и лекувајте се! А не во саботен ден!“ 15Но Господ во одговор му рече: „Лицемери! Не го одврзува ли секој од вас својот вол, или осле од јаслите во сабота и не го води ли да го напои? 16А оваа Авраамова ќерка, која сатаната ја врзал веќе осумнаесет години; не требаше ли да биде одврзана од оваа врска во саботен ден?“ 17А кога го рече тоа, се засрамија сите Негови противници; а целиот народ им се радуваше на сите славни дела, што ги изврши.
18Потоа рече: „На што е слично Божјото Царство и со што да го споредам? 19Слично е на синапово зрно, што човек го зема и го посејува во својата градина, каде израснува и станува големо дрво и небесните птици се населија на неговите гранки.“ 20И пак рече: „Со што да го споредам Божјото Царство? 21Тоа е слично на квасот, што го зема жена и го замесува во три мери брашно, додека скисне сето.“
22И патувајќи кон Ерусалим, минуваше низ градови и села и поучуваше. 23А некој му рече: „Господи, малку ли се оние, кои се спасуваат?“ Тој пак им рече: 24“Борете се да влезете низ тесната врата, зашто ви велам: мнозина ќе настојуваат да влезат, но не ќе можат. 25Кога домаќинот ќе стане и ќе ја затвори вратата, а ако вие останете надвор и почнете да чукате на вратата и да говорите: „Господи, отвори ни!“ Тој ќе ви одговори: „Не знам од каде сте!“ 26Тогаш ќе почнете да зборувате: „Јадевме и пиевме пред Тебе; а Ти поучуваше по нашите улици.“ 27А Тој ќе ви рече: „Ви велам, не знам од каде сте? Отстапете од Мене сите, кои вршите неправда!“ 28Таму ќе биде плач и чкртање со заби, кога ќе ги видите Авраама, Исака и Јакова и сите пророци во Божјото Царство, а себеси - истерани надвор. 29И ќе дојдат од исток и запад, од север и југ, и ќе седнат во Божјото Царство. 30И ете, има последни, кои ќе бидат први; и има први, кои ќе бидат последни.“
31И во истиот час пристапија некои фарисеи и Му рекоа: „Излези и оди си оттука, зашто Ирод сака да Те убие!“ 32И им рече: „Одете и кажете ѝ на таа лисица: „Еве изгонувам зли духови и исцелувам денес и утре; и на третиот ден ќе завршам. 33Но денес, утре и задутре, треба да патувам, зашто не бива пророк да загине надвор од Ерусалим.“
34“Ерусалиме, Ерусалиме, што ги убиваш пророците и со камења ги погубуваш оние, кои се испратени при тебе; колку пати сакав да ги соберам твоите деца, како ква-чката своите пилиња под крилја, но не сакавте! 35Ете, ви се остава пуст вашиот дом. И ви велам: нема да Ме видите додека не дојде време да кажете: „Благословен е Оној Кој доаѓа во Господово име!“
Селектирано:
ЛУКА 13: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: