А им кажа парабола како треба секогаш да се молат и да не се обесхрабруваат. И рече: „Во еден град беше некој судија, кој не се боеше од Бога, и не се грижеше за луѓето. А во истиот град имаше и една вдовица, која доаѓаше при него и му се молеше: ‘Заштити ме од мојот противник!’ Тој нејќеше некое време; после си рече во себеси: ‘Иако не се бојам од Бога, ниту се грижам за луѓето; ќе ѝ го дадам правото на оваа вдовица, зашто ми додева, за на крај да не дојде и да ме нападне.’“ И Господ рече: „Чујте, што зборува неправедниот судија!“ Та Бог ли нема да ги заштити Своите избраници, кои викаат кон Него, дење и ноќе, имајќи трпение со нив? Ви велам, ќе ги одбрани скоро. Но, кога ќе дојде Човечкиот Син, ќе најде ли вера на земјата?“
А на некои, кои беа уверени во себе дека се праведни, и ги презираа другите, им ја кажа оваа парабола: “Два човека влегоа во Храм да се помолат: едниот фари-сеј, а другиот цариник. Фарисејот застана и се молеше во себеси вака: ‘Боже! Ти благодарам што не сум како другите луѓе - разбојници, неправедници, прељубници, или како овој цариник; постам двапати во седмицата и давам десеток од сѐ што придобивам.’ А цариникот стоеше далеку и не сакаше ни очите да ги подигне кон небото, туку се удираше по градите и велеше: ‘Боже, биди милостив спрема мене греш-никот!’ Ви велам, овој се врати дома повеќе оправдан, отколку оној; зашто секој кој се возвишува себеси, ќе биде понижен; а кој се понизува себеси, ќе биде возвишен.“