ЛУКА 18
18
Упорноста успева
1А им кажа парабола како треба секогаш да се молат и да не се обесхрабруваат. 2И рече: „Во еден град беше некој судија, кој не се боеше од Бога, и не се грижеше за луѓето. 3А во истиот град имаше и една вдовица, која доаѓаше при него и му се молеше: ‘Заштити ме од мојот противник!’ 4Тој нејќеше некое време; после си рече во себеси: ‘Иако не се бојам од Бога, ниту се грижам за луѓето; 5ќе ѝ го дадам правото на оваа вдовица, зашто ми додева, за на крај да не дојде и да ме нападне.’“ 6И Господ рече: „Чујте, што зборува неправедниот судија!“ 7Та Бог ли нема да ги заштити Своите избраници, кои викаат кон Него, дење и ноќе, имајќи трпение со нив? 8Ви велам, ќе ги одбрани скоро. Но, кога ќе дојде Човечкиот Син, ќе најде ли вера на земјата?“
Фарисеј и цариник
9А на некои, кои беа уверени во себе дека се праведни, и ги презираа другите, им ја кажа оваа парабола: 10“Два човека влегоа во Храм да се помолат: едниот фари-сеј, а другиот цариник. 11Фарисејот застана и се молеше во себеси вака: ‘Боже! Ти благодарам што не сум како другите луѓе - разбојници, неправедници, прељубници, или како овој цариник; 12постам двапати во седмицата и давам десеток од сѐ што придобивам.’ 13А цариникот стоеше далеку и не сакаше ни очите да ги подигне кон небото, туку се удираше по градите и велеше: ‘Боже, биди милостив спрема мене греш-никот!’ 14Ви велам, овој се врати дома повеќе оправдан, отколку оној; зашто секој кој се возвишува себеси, ќе биде понижен; а кој се понизува себеси, ќе биде возвишен.“
Исус благословува деца.
Богатиот и Божјото Царство
15Му донесуваа и мали деца, за да ги допре; а кога учениците го видоа тоа, им забрануваа. 16Но Исус ги повика и рече: „Оставете ги дечињата да доаѓаат при Мене и не пречете им, зашто на таквите им припаѓа Божјото Царство! 17Вистина ви велам, кој не го прими Божјото Царство како дете, тој никако нема да влезе во него.“
18И еден началник го праша, велејќи: „Учителе добар, што треба да направам за да наследам вечен живот?“ 19А Исус му рече: „Зошто Ме наречуваш добар? Никој не е добар, освен Единиот Бог. 20Ги знаеш заповедите: „Не прељубодејствувај! Не убивај! Не кради! Не сведочи лажно! Почитувај ги татка си и мајка си!“ 21Тој пак рече: „Сето тоа го запазив од мојата младост!“ 22А кога Исус го чу тоа, му рече: „Уште едно не ти достига: продај сѐ што имаш, и раздај го на бедните и ќе имаш сокровиште на небесата! Тогаш, дојди и следи Ме!“ 23Кога го чу тоа се нажали мошне, зашто беше многу богат. 24А кога Исус го виде таков, рече: „Колку тешко ќе влезат во Божјото Царство, оние, кои имаат богатство. 25Полесно ѝ е на камилата да мине низ иглени уши, отколку на богат да влезе во Божјото Царство.“ 26А оние, кои чуја, рекоа: „Тогаш, кој може да се спаси?“ 27Тој пак рече: „Што им е невозможно на луѓето, тоа е можно на Бога.“
28А Петар рече: „Ете, ние оставивме сѐ и тргнавме по Тебе!“ 29Тој им рече: „Вистина ви велам, нема никој што заради Божјото Царство оставил: куќа или жена или браќа, или родители или деца, 30а кој не ќе прими многу повеќе во ова време, а во идниот век - вечен живот.“
Исцелување на ерихонскиот сле-пец
31И кога ги зеде со Себе Дванаесетте им рече: „Еве, одиме горе во Ерусалим; и ќе се исполни сѐ што пишувале пророците за Човечкиот Син, 32зашто ќе биде предаден на многубошците, и ќе Му се потсмеваат, и ќе биде изма-чуван и плукан; 33и кога ќе Го бичуваат, ќе Го убијат, но ќе воскресне на третиот ден.“ 34Но тие не разбраа ништо од тоа, зашто тој збор беше сокриен од нив и не разбраа, што им беше речено. 35А кога се приближи до Ерихон, некој слепец седеше покрај патот и просеше. 36А кога чу дека поминува народ, праша што е тоа? 37И му рекоа дека ми-нува Исус Назареецот, 38и тој извика, велејќи: „Исусе, Сине Давидов, смилувај ми се!“ 39А оние, кои одеа напред, го прекоруваа за да молчи. Но тој викаше уште повеќе: „Исусе, Давидов Сине, смилувај ми се!“ 40И Исус застана и заповеда да Му го доведат. И кога се приближи го праша: 41“Што сакаш да ти сторам?“ А тој рече: „Господи - да прогледам!“ 42Тогаш Исус му рече: „Прогледај! Твојата вера те спаси.“ 43И тој прогледа веднаш и тргна по Него, славејќи Го Бога. И сите луѓе, кои го видоа тоа, Му воздадоа слава на Бога.
Селектирано:
ЛУКА 18: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: