И ете, во Ерусалим живееше човек по име Симеон, и тоа човек праведен и благочестив, кој ја чекаше Израелевата утеха; и Светиот Дух беше над него. Нему Светиот Дух му прорече дека нема да види смрт, додека не Го види Христа Господов. И вдахновен од Светиот Дух дојде во Храмот; и кога родителите Го внесоа Детенцето Исус, за да го извршат врз Него обичајот на Законот, Го зеде на своите раце, Го благослови Бога и рече: “Сега, Господару, отпушти го Својот служител со мир, според Твојот збор, зашто моите очи го видоа Твоето спасение, кое го приготви пред лицето на сите луѓе, светлина за осветлување на народите и слава на Твојот народ Израел.“ А Јосиф и мајка Му се чудеа на она, што зборуваше за Него.
Прочитај ЛУКА 2
Сподели
Спореди ги сите верзии: ЛУКА 2:25-33
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа