ЛУКА 6
6
Господар на сабота. Избор на ученици
1Се случи во втората главна сабота, да минува низ посевите, а Неговите ученици кинеа класје, го триеја со рацете и јадеа. 2А некои од фарисеите рекоа: „Зошто го правите тоа, што не е дозволено да се прави во саботни денови?“ 3Исус одговори и им рече: „Зар не сте читале што направи Давид кога огладне тој и тие, кои беа со него? 4И како влезе во Божјиот Дом, ги зеде поставе-ните лебови и јаде, им даде и на оние, кои беа со него, што никому не е дозволено да ги јадат, а само свештениците. 5И им рече: „Чове-чкиот Син е Господар и на саботата.“
6А во една друга сабота влезе во синагогата и поучуваше, а таму имаше и еден човек, чија десна рака беше исушена. 7А книж-ниците и фарисеите Го набљудуваа - дали ќе лекува во сабота - за да можат да Го обвинат. 8А Тој ги знаеше нивните мисли и му рече на човекот со исушената рака: „Ста-ни и исправи се на средина!“ И стана и се исправи. 9А Исус им рече: „Ве прашувам вас: што е дозволено да се прави во сабота: добро или зло? Да се спаси живот или да се погуби?“ 10И ги изгледа сите наоколу и му рече: „Протегни ја раката!“ А тој направи така, и раката му стана здрава како другата. 11А тие се исполнија со безумна јарост и се договараа меѓу себе што би можеле да Му направат на Исуса.
12Во тие дни се искачи на гората, за да се моли; и ја помина ноќта, молејќи Му се на Бога. 13А кога се раздени, ги повика Своите ученици и од нив избра Дванаесетмина, кои и ги нарече апостоли: 14Симон, кого го нарече и Петар, и брата му Андреја; Јакова и Јована; Филипа и Вартоломеја; 15Матеја и Тома; Јакова Алфеев и Симона, наречен Зилот; 16Јуда Јаковов и Јуда Искариотски кој стана и предавник.
Горска беседа
17И кога слезе, заедно со нив, и застана на едно рамно место, и множество Негови ученици и множество народ од цела Јудеја и од Ерусалим, од Тирското и Сидонското приморје, 18кои дојдоа да Го чујат и да се исцелат од своите болести, и оздравуваа и оние, кои беа измачувани од нечисти духови. 19И целиот народ сакаше да се допре до Него, зашто од Него излегуваше сила и ги лекуваше сите.
20И Тој ги подигна Своите очи кон Своите ученици и рече: „Блажени сте вие бедните, зашто е ваше Божјото Царство! 21Блажени сте вие, кои гладувате сега, зашто ќе се наситите! Блажени сте вие, кои плачете сега, зашто ќе се смеете! 22Блажени сте кога луѓето ќе ве замразат, и кога ќе ве одделат и ве похулат и го исфрлат вашето име како лошо, заради Човечкиот Син! 23Радувајте се во тој ден и ликувајте, зашто ете, голема е вашата награда на небото. Зашто нивните татковци им правеа исто така на пророците.
24Но, горко вам богати, зашто ја примивте својата утеха. 25Горко вам, кои сте сити сега, зашто ќе гладувате. Горко вам, кои се смеете сега, зашто ќе жалите и ќе плачете. 26Горко вам, кога сите луѓе ќе зборуваат добро за вас; зашто нивните татковци им правеа така на лажните пророци.
27Но, на вас - кои слушате - ви велам: „Љубете ги своите непријатели; правете им добро на оние, кои ве мразат. 28Благословувајте ги оние, кои ве колнат; молете се за оние, кои ве навредуваат. 29На оној, кој ќе те плесне по едниот образ, заврти му го и другиот; и на тој, кој ти ја зема наметката, не му ја откажувај ни кошулата. 30Дај му на секој, кој бара од тебе. И не барај го назад твоето од оној, кој зема од тебе. 31И како што сакате да ви прават луѓето вам, така правете им и вие ним. 32И ако ги љубите оние, кои ве љубат вас, каква ви е благодарноста? И грешниците ги љубат оние, кои ги љубат нив. 33И ако им правите добро на оние, кои вам ви прават добро, каква ви е благодарноста? И грешниците го прават истото. 34И ако им позајмувате на оние, од кои се надевате дека ќе добиете, каква ви е благодарноста? И грешниците им позајмуваат на грешниците, за да примат исто толку. 35Туку, љубете ги своите непријатели, правете им добро и позајмувајте им без да чекате нешто. И вашата награда ќе биде голема и ќе бидете синови на Сѐвишниот, зашто Тој е благ кон неблагодарните и злите. 36Бидете милостиви како што и вашиот Татко е милостив. 37И не судете и нема да бидете судени; и не осудувајте и нема да бидете осудувани. Проштавајте и ќе ви биде простено! 38Давајте и ќе ви се даде: добра мерка - набиена, натресена, преполнета, ќе ви биде дадена во скутот, зашто со каква мерка мерите, со таква ќе ви се одмери.“
39А им кажа и парабола: „Може ли слепец да води слепец? Зар не ќе паднат обајцата во јама? 40Нема ученик над својот учител, секој кој ќе се усоврши ќе биде како Неговиот учител. 41А зошто ја гледаш раската во окото на својот брат, а не ја забележуваш гредата во своето око? 42Како можеш да му речеш на брата си: ‘Брате, остави ме да ја извадам раската од твоето око!’ А сам не ја гледаш гредата во своето око? Лицемере, извади ја најнапред гредата од своето око, па тогаш ќе гледаш како да ја извадиш раската од окото на твојот брат! 43Нема добро дрво што дава гнил плод; ниту гнило дрво што дава добар плод. 44Зашто секое дрво се познава по својот род. Не се берат смокви од трње, ниту грозје од капина. 45Добриот човек, од доброто сокровиште на своето срце, изнесува добро; а лошиот човек, од лошото сокровиште изнесува зло, зашто неговата уста зборува од она, што го преполнува неговото срце. 46И зошто Ме нарекувате: ‘Господи! Господи!’ а не го правите она, што го велам?“
47Секој кој доаѓа при Мене и ги слуша Моите зборови, и ги исполнува, ќе ви кажам кому му е сличен. 48Сличен е на човек, кој гради куќа: ископал длабоко и поставил основи на камен, а кога стана наводнение реката се насочи кон куќата, но не можеше да ја помрдне, зашто беше добро изгра-дена. 49А кој слуша и не исполнува, приличи на човек, кој соѕидал куќа на земја, без основи. Реката се насочи кон неа, и таа се урна веднаш, и паѓањето на таа куќа беше големо.“
Селектирано:
ЛУКА 6: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: