Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЛУКА 8:40-56

ЛУКА 8:40-56 MKB

А кога се врати Исус, народот Го прими, зашто сите Го чекаа. И ете, дојде човек, по име Јаир, кој беше настојник на синагогата, и падна пред Исусовите нозе и Го замоли да влезе во Неговата куќа, зашто имаше единствена ќерка, на околу дванаесет години, и таа беше на умирање. И кога одеше, народот се туркаше околу Него. А една жена, која страдаше дванаесет години од крвотечение и која го потроши сиот свој имот по лекарите, а ниеден не можеше да ја излечи, Му пристапи одзади и се допре до работ на Неговата наметка, и веднаш ѝ прекрати нејзиното крвотечение. А Исус рече: „Кој се допре до Мене?“ А кога сите одречуваа, Петар рече: „Учителе, многу народ Те турка и притиска.“ Исус пак рече: „Некој се допре до Мене, зашто почу-вствував дека сила излезе од Мене.“ А штом жената виде дека не може да се сокрие, пристапи треперејќи, падна пред Него и кажа пред сиот народ, зошто се допрела до Него и како оздравела веднаш. А Тој ѝ рече: „Ќерко, твојата вера те спаси; оди си со мир!“ Додека Тој уште зборуваше, дојде некој од куќата на настој-никот и рече: „Ќерка ти умре, не измачувај Го повеќе Учителот!“ Штом Исус чу, му рече: „Не бој се! Само верувај и ќе биде спасена.“ А кога дојде во куќата, не му дозволи никому да влезе со Него, освен на Петра, Јована и Јакова, и на таткото и мајката на девојчето. Сите плачеа и тажеа по неа. Тој пак им рече: „Не плачете, зашто не е умрена, туку спие!“ И Му се потсмевнуваа, зашто знаеја дека е умрена. А Тој ја фати нејзината рака и извика: „Дете, стани!“ И нејзе ѝ се врати духот, и стана веднаш, и Тој нареди да ѝ дадат да јаде. Нејзините родители се зачу-дија, а Тој им заповеда никому да не кажуваат за тоа што се случило.