МАТЕЈ 28
28
Христово Воскресение
1А по саботата, на осамнување на првиот седмичен ден, дојдоа Марија Магдалена и другата Марија да го видат гробот. 2И ете, стана голем земјотрес, зашто Господов ангел слезе од небото, пристапи и го одмести каменот и седна на него. 3А лицето му светеше како молња, а неговата облека - бела како снег. 4Од страв пред него, стражарите трепереа и станаа како мртви. 5Тогаш ангелот проговори и им рече на жените: „Вие не бојте се! Зашто знам дека Го барате распнатиот Исус. 6Го нема тука, зашто воскресна, како што рече! Дојдете и видете го местото каде што лежеше, 7и отидете бргу и кажете им на Неговите ученици дека воскресна од мртвите и - ете - Тој оди пред вас во Галилеја. Таму ќе Го видите! Ете, ви кажав!“ 8И тие излегоа веднаш од гробот, со страв и со голема радост, и отрчаа да им соопштат на Неговите ученици. 9И ете, Исус ги пресретна и рече: „Здраво!“ А тие се приближија при Него, Му се фатија за Неговите нозе и Му се поклонија. 10Тогаш Исус им рече: „Не бојте се! Одете и соопштете им на Моите браќа, да отидат во Галилеја; и таму ќе Ме видат.“
Апостолска мисија
11А кога одеа, ете, некои од стражарите дојдоа во градот и им соопштија на првосвештениците за сѐ што беше станало. 12И се состанаа со старешините, и се советуваа, и им дадоа на војниците многу сребреници 13и им рекоа: „Кажете дека Неговите ученици дојдоа ноќе и Го украдоа, додека ние спиевме. 14И ако за ова чуе управителот, ние ќе го убедиме и ќе ве направиме да немате грижа.“ 15А тие ги зедоа сребрениците и постапија, како што ги подучија. И тоа слово се разгласи меѓу Јудејците до денес.
16А Единаесетте ученици отидоа во Галилеја, на гората, каде што им беше определил Исус. 17И штом Го видоа, Му се поклонија, а некои се сомневаа. 18Тогаш Исус им се приближи и им рече: „Дадена Ми е сета власт на небото и на земјата. 19Затоа одете и направете од сите народи Мои ученици, крштавајќи ги во името на Таткото и Синот и Светиот Дух, учејќи ги да го чуваат сето она што ви го заповедав! 20И еве, Јас Сум со вас во сите дни до крајот на светот.
Селектирано:
МАТЕЈ 28: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: