Лого на YouVersion
Икона за пребарување

МАРКО 2

2
Исцелување на фатен
1И кога по неколку дена пак дојде во Капернаум; се чу дека е во куќа. 2И се собраа мнозина, така што немаше веќе место пред вратата; и им го проповедаше Сло-вото. 3И дојдоа при Него носејќи фатен, кого го носеа четворица. 4И како не можеа да го донесат до Него, заради народот, го открија покривот над местото каде што беше, и го пробија и ја спуштија постелата, на која лежеше фатениот. 5А Исус, кога ја виде нивната вера, му рече на фатениот: „Синко, ти се опростуваат гревовите.“ 6А некои од книжниците седеа таму и размислуваа во своите срца: 7“Што зборува Овој вака? Тој хули! Кој може да опростува гревови, освен Еден Бог?“ 8И Исус веднаш штом созна со Својот дух дека тие размислуваат така во себе, им рече: „Зошто размислувате така во своите срца? 9Што е полесно да му се рече на фатениот: ‘Ти се опростуваат гревовите,’ или да му се рече: ‘Стани и земи ја својата постела, и оди!’ 10Но за да знаете дека Човечкиот Син има власт да ги опростува гревовите на земјата, му рече на фатениот: 11“Тебе ти зборувам - стани, подигни ја својата постела и оди си дома!“ 12И стана, веднаш ја подигна постелата, и излезе пред сите, така што сите се восхитуваа и Го славеа Бога, велејќи: „Такво нешто уште никогаш не видовме!“
Исус го повикува Левија
13И излезе пак покрај морето; и целото множество доаѓаше при Него, и го поучуваше. 14И минувајќи, го виде Левија Алфеев, како седи во царинарницата, и му рече: „Врви по Мене!“ И тој стана и тргна по Него. 15И кога прилегна покрај трпезата во неговата куќа, многу цариници и грешници беа покрај трпезата, со Исуса и со Неговите ученици, зашто ги има-ше мнозина, и врвеа по Него. 16А кога книжниците и фарисеите Го видоа како јаде со грешниците и цариниците, им рекоа на Неговите ученици: „Зошто јаде и пие заедно со цариниците и грешниците?“ 17А Исус, кога го чу тоа, им рече: „Не им треба лекар на здравите, туку на болните. Не дојдов да ги викам праведните - туку грешниците на покајание.“
Прашање за пост
18Јовановите ученици и фарисеите постеа. И дојдоа и Му рекоа: „Зошто Јовановите ученици и учениците на фарисеите постат, а Твоите ученици не постат?“ 19Исус им рече: „Можат ли сватовите да постат додека е младоженецот со нив? Додека го имаат со себе младоженецот, не можат да постат. 20Но, ќе дојдат дни кога ќе им го грабнат младоженецот од нив; и тогаш - во тој ден - ќе постат. 21Никој не пришива крпа од ново сукно врз стара облека. Инаку, закрпата го кине од неа новото од старото, и скинатото ќе биде полошо. 22И никој не налева ново вино во стари мевови; инаку новото вино ќе ги скине мевовите, па ќе пропаднат и виното и мевовите. Туку, ново вино - во нови мевови!“
Исус е Господар на саботата
23А кога во сабота одеше низ посевите, Неговите ученици почнаа да прават пат, кинејќи класје. 24И фарисеите Му рекоа: „Гледај! Зошто го прават во сабота тоа што не е дозволено?“ 25Им рече: „Зар никогаш не сте читале, што направи Давид кога беше во неволја и кога огладне тој и оние, кои беа со него? 26Како влезе во Божјиот дом, во времето на прво-свештеникот Авијатар, и ги изеде поставените лебови, кои никој не смее да ги јаде, освен свеште-ниците; и им даде на оние, кои беа со него!“ 27И им рече: „Саботата е воспоставена заради човекот, а не човекот заради саботата. 28Така, Човечкиот Син е Господар и на саботата.“

Селектирано:

МАРКО 2: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се