НЕЕМИЈА 8
8
ЧИТАЊЕ И ТОЛКУВАЊЕ НА ЗАКОН ОБНОВА НА ЗАВЕТ
8:1-10:39
А. Читање и толкување на Закон
1Тогаш сиот народ се собра како еден човек на ширината што е пред Водната Врата. Му рекоа на книжевникот Ездра да го донесе свитокот на Мојсеевиот Закон што Господ му го даде на Израел. 2И во првиот ден на седмиот месец свештеникот Ездра го донесе Законот пред собирот на мажите, жените и на сите, кои беа способни да го разберат. 3На плоштадот што е пред Водната Врата, почна да го чита свитокот, од раното утро до пладне, пред мажите и жените и пред оние, кои беа зрели. Сиот народ го слушаше покорно свитокот на Законот. 4Книжевникот Ездра стоеше на дрвена говорница, што ја подигнаа за таа прилика. Покрај него стоеја: од десната страна Мататиј, Сема, Анај, Уриј, Хелкији Масиј, а од левата страна: Федај, Мисаил, Малхиј, Асум, Асвадон, Захариј и Месулам. 5Ездра го отвори свитокот пред очите на сиот народ - зашто беше повисок од сиот народ - а кога го отвори, сиот народ стана. 6Тогаш Ездра го благослови Господа, великиот Бог, а сиот народ, со подигнати раце, одговори: „Амин! Амин!“ Потоа клекнаа и се поклонија пред Господа, со лицето доземја. 7А левитите Исус, Ваниј, Серевиј, Јамин, Акув, Саветај, Одиј, Масиј, Келит, Азариј, Јозавад, Анан и Пелај му го објаснуваа Законот на народот, а народот стоеше на своето место. 8И читаа од свитокот на Божјиот Закон по одломки и ја разјаснуваа смислата за да може народот да разбере што се чита.
9Потоа намесникот Неемија, и свештеникот и книжевникот Езра и левитите кои го поучуваа народот, му рекоа на сиот народ: „Ова е ден посветен на Господа, вашиот Бог! Не тажете, не плачете!“ Зашто сиот народ плачеше, слушајќи ги зборовите на Законот. 10И Неемија уште им рече: „Отидете и јадете мрсни јадења, и пијте благо, и испратете им дел на оние, кои немаат ништо подготвено, зашто ова е ден посветен на нашиот Господ. Не нажалувајте се: Господовата радост е ваша сила, 11И левитите го смируваа сиот народ, велејќи: „Смирете се: ова е свет ден. Не тажете!“ 12И сиот народ отиде да јаде и да пие, и да испраќа оброци, и да слави голема прослава: зашто ги сфатија зборовите, кои им беа објавени.
Б. Прослава на Празник на шатори
13На вториот ден се собраа главатарите на семејствата на сиот народ, свештениците и левитите околу книжевникот Езра за да ги проучат зборовите на Законот. 14И најдоа напишано во Законот, што Господ го нареди преку слугата Мојсеј: „Синовите Израелеви нека живеат под сеници за време на свеченостите во седмиот месец.“ 15Штом чуја, прогласија во сите свои градови и во Ерусалим: „Одете во горите и донесете маслинови гранки, и гранки од диви маслинки, миртови и палмини гранки, и гранки од другите дрва со лисја, за да направиме сеници, како што е пропишано.“ 16И народот отиде и донесе гранки, и направија сеници, секој врз својот покрив, и во своите дворови, и во дворот на Божјиот Дом, на ширината кај Водната Врата и на онаа кај Ефремовата Врата. 17Сиот собир на оние, кои се вратија од ропство, направи сеници, и живееја во нив - Израелците не го правеа тоа од времето на Исус, Навиновиот син, сѐ до тој ден. И беше мошне голема радост. 18Езра го читаше свитокот на Божјиот Закон секој ден, од првиот до последниот. Седум дни се празнуваше празникот, а осмиот ден беше свечен собир, како што е пропишано.
Селектирано:
НЕЕМИЈА 8: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: