ПОСЛОВИЦИ 1
1
ПРЕМУДРОСТ
1:1-9:18
А. Авторство
1Мудри пословици на Соломон, Давидовиот син, израелскиот цар:
Б. Цел
2За да се сознае мудроста и поуката, за да се сфатат благоразумните зборови; 3за да се прими умна поука, правда, правосудство и правичност; 4за да им се даде памет на неискусните; знаење и умеење на младиот човек; 5кога мудриот чуе, да биде уште помудар, а разумниот да стекне помудри мисли; 6за да ги разбере пословиците и приказните, зборовите на мудреците и нивните загатки.
В. Главна тема
7Стравот од Господа е почеток на мудроста, но безумните ги презираат мудроста и поуката.
Г. Предупредување против насилство
8Сине мој, послушај ја поуката на својот татко и не отфрлај го учењето на својата мајка! 9Зашто ќе ти бидат милостив венец на главата и ѓердан околу твојот врат. 10Сине мој, ако грешниците те мамат, не се согласувај; 11ако ти речат: „Дојди со нас, да дебнеме крв, да чекаме во заседа невини за ништо; 12како гроб живи да ги проголтаме, и цели како оние, што слегуваат во гроб; 13ќе заплениме секакво благо, ќе ги наполниме своите куќи со плен; 14ќе го фрлаш со нас својот жреб, сите заедно ќе имаме едно ќесе.“ 15Сине мој, не оди со нив на пат, тргни ја ногата од нивните патеки, 16зашто кон зло трчаат со своите нозе и итаат да пролеваат крв. 17Зашто напразно е да се оптегнува мрежа, пред очите на сите птици. 18А тие ја дебнат сопствената крв, поставуваат заседа за своите души. 19Такви се патиштата на сите лакоми за пари, на завладеаните од нив им го одзема животот.
Д. Предупредување против непочитување на премудрост
20Премудроста извикува гласно на улица, го подига својот глас на плоштадите; 21проповеда по бучни агли, при отворените градски врати, ги говори своите зборови: 22„До кога, вие глупави, ќе ја љубите глупоста, и до кога на потсмевачите ќе им биде мило потсмевањето, и до кога безумниците ќе го мразат знаењето? 23Послушајте ја мојата опомена! Ете, го излевам својот дух пред вас, сакам да ве поучам со свои зборови. 24Колку ве повикував, а вие одбивавте; ја испружував раката, но никој не ја забележа; 25туку го отфрливте секој мој совет и не ги послушавте моите опомени. 26Затоа и јас ќе се смеам на вашата пропаст, ќе се потсмевам кога ќе ве снајде тешкотија; 27кога стравот ќе навали врз вас како невреме и кога пропаста ќе ве грабне како виор, кога ќе се навалат врз вас неволјата и маката. 28Тогаш ќе ме викате, но јас нема да одговарам; ќе ме барате, но нема да ме најдете. 29Зашто го мразеа знаењето и не го избраа Господовиот страв, 30ниту го послушаа мојот совет, туку ја презреа секоја моја опомена. 31Затоа ќе јадат плод од своето владеење и ќе се наситат со сопствени совети. 32Зашто глупавите ќе ги убие нивното одбивање, а безумните ќе ги уништи невниманието, 33а кој ме слуша мене, останува безгрижен и живее спокојно без страв од зло.“
Селектирано:
ПОСЛОВИЦИ 1: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: