ПОСЛОВИЦИ 13
13
З. Извор на големо богатство
1Мудриот син ја слуша татковата поука, а потсмевачот не го слуша изобличувањето. 2Од плодот на својата уста човекот ја ужива добрината, а срцето на беззакониците е полно со насилство. 3Кој ја пази својата уста го пази својот живот, а кој зборува невнимателно, за главата му е. 4Душата на мрзливиот сака но без успех, а ќе се исполни желбата на трудољубивите. 5Праведникот мрази лажлив збор, а нечесниот постапува нечесно и срамно. 6Правдата го чува непорочниот во патот, а гревот го сосипува грешникот. 7Некој се преправа на богат, а нема ништо; некој се преправа на беден, а има големо богатство. 8Со своето богатство човекот го откупува животот, а бедниот не ги слуша заплашувањата. 9Светлината на праведните секогаш е радост, а светилката на нечесниот гаси. 10Гордоста раѓа само препирки, а мудроста е во оние, кои примаат совет. 11Со измама придобиено богатство исчезнува, а кој собира со труд, го умножува.
Ѕ. Извор на надеж
12Одложуваната надеж го изнемоштува срцето, а исполнетата желба е дрво на животот.
13Кој го презира словото, тој пропаѓа, а кој ги почитува заповедите, добива плата. 14Поуката на мудриот е животен извор, таа избавува од примките на смртта. 15Добриот разум прибавува пријатност, а патот на беззакониците е нерамен. 16Секој умен дејствува промислено, а безумникот се фали со својата лудост. 17Лошиот гласник паѓа во зло, а верниот пратеник донесува исцеление. 18Сиромаштија и срам ќе дојде за оној, кој ја отфрла поуката, а кој го прима укорот ќе дојде до чест. 19Слатка и е на душата исполнетата желба, а на безумниците им е омразено да се отстрануваат од злото. 20Дружи се со мудрите, и ќе станеш мудар, а кој другарува со безумниците станува лош. 21Злото ги гони грешниците, а доброто е награда на праведните. 22Добриот човек го остава наследството на своите внуци, а богатството на грешникот се чува за праведникот. 23Изобилно храна има на нивата на сиромасите, а има и кој пропаѓа од неправеден суд. 24Кој ја штеди прачката, го мрази својот син, а кој го љуби, го казнува на време. 25Праведикот има јадење до ситка, а стомакот на нечесните ја познава скудноста.
Селектирано:
ПОСЛОВИЦИ 13: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: