Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПОСЛОВИЦИ 19

19
С. Богатство и бедност
1Подобар е сиромавиот кој живее во непорочност, отколку човек со нечесни усни и при тоа и безумен. 2Ревносна душа без разумност не е добра, и кој оди брзо, се сопнува. 3Безумието го расипува животот на човекот, а срцето му се лути на Господа! 4Богатството прибавува многу пријатели, а бедниот го остава и неговиот пријател. 5Лажливиот сведок не останува без казна, и кој шири лаги, нема да избега. 6Мнозина му ласкат на лицето на дародавецот, и секој му е пријател на дарежлив човек. 7Бедниот го мразат сите негови браќа, уште повеќе се оддалечуваат од него, неговите пријатели. Тој копнее за добри зборови, но не ги наоѓа. 8Кој стекнува разумност, си ја сака душата, а кој го чува разумот, наоѓа среќа. 9Лажливиот сведок не останува без казна, и кој шири лаги, ќе пропадне. 10Не му прилега на безумен да живее раскошно, уште помалку на слуга да владее над кнезовите. 11Благоразумието го запира човекот од гнев, и чест му е да ја прости грешката. 12Гневот на царот е како рикање на лав, а неговата благонаклонетост како роса на трева. 13Безумниот син е несреќа за својот татко, и женините препирки се постојано прокиснување. 14Куќата и богатството се наследуваат од татковците, а благоразумната жена е од Господа. 15Мрзливоста навлекува врз човекот длабок сон, и неработливата душа гладува. 16Кој се придржува до заповедта, го чува својот живот, а кој не внимава на своите патишта умира. 17На Господ му позајмува кој е милостив кон бедниот, и Тој ќе му го плати добротворството.
Т. Совет и поука
18Казнувај го својот син додека има надеж, и не се возбудувај од неговото викање. 19Кој е јаростен, ќе биде казнет, ако сакаш да му помогнеш ќе направиш полошо. 20Слушај совет и примај поука, за да станеш мудар во твоите последни денови. 21Има многу замисли во човековото срце, но што ќе науми Господ, тоа и ќе биде. 22Чест за човекот е неговото добротворство, и сиромавиот е подобар од лажливецот. 23Стравот од Господа дава живот, и кој ќе се исполни со него, злото не го посетува. 24Мрзливецот ја макнува раката во чинијата, но не ја принесува до својата уста. 25Ако го удриш потсмевнувачот, и простиот ќе се изитри. Ако го изобличиш разумниот, тој ќе го сфати знаењето. 26Срамен и расипан син е оној, кој го запустува таткото и ја истерува мајката. 27Престани, сине мој, да ги слушаш поуките што одведуваат од зборовите на сознанието. 28Нечесниот сведок ѝ се потсмевнува на правдата, и устата на нечесниот ја голта неправдата. 29Подготвени се казните за потсмевнувачите, и ударите за плеќите на безумните.

Селектирано:

ПОСЛОВИЦИ 19: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се