Лого на апликацијата „Библија“
Икона за пребарување

ПОСЛОВИЦИ 6:20-24

ПОСЛОВИЦИ 6:20-24 MKB

Сине мој, пази ги заповедите на својот татко и не отфрлај ја науката на својата мајка. Врзи ги за своето срце засекогаш, завиткај ги околу своето грло; за да те водат кога одиш, да те чуваат кога спиеш, и да разговараат со тебе кога ќе се разбудиш. Зашто заповедта е светилник, законот е светлина, опомените на изобличувањата се пат кон животот; за да те чуваат од зла жена, од ласкавиот јазик на туѓинката.