ПСАЛМИ 115
115
Величие и Слава на вистински Бог
1. Слава на единствен Бог
1Не нам, Господи, не нам, туку на Твоето Име дај му Слава, заради Твојата милост и вистина. 2Зошто да зборуваат многубошците: „Каде е сега нивниот Бог?“
2. Ништожност на идоли
3Нашиот Бог е на небесата, прави сѐ што ќе Му се допадне. 4Нивните идоли се сребро и злато, дело на човечките раце. 5Уста имаат, а не говорат; очи имаат, а не гледаат; 6уши имаат, а не слушаат; ноздри имаат, а не мирисаат; 7раце имаат, а не фаќаат; нозе имаат, а не одат; глас не излегува од нивното грло. 8Такви се и оние, што ги направија, и сите кои се надеваат на нив.
3. Израел да се надева на Бога
9Израелев доме, надевај се на Господа! - Тој е нивни штит и помошник. 10Аронов доме, надевај се на Господа! Тој е нивни штит и помошник. 11Почитувачи Господови, надевајте се на Господа! Тој е нивни штит и помошник.
4. Господ го благословува Израел
12Господ ќе си спомни за нас, и Тој ќе нѐ благослови: ќе го благослови Израелевиот дом, ќе го благослови Ароновиот дом, 13ќе ги благослови оние, кои се бојат од Господа, и малите и големите. 14Да ве намножи Господ, вас и вашите синови! 15Да ве благослови Господ, Кој ги создаде небото и земјата!
16Небесата се Господови небеса, а земјата им ја даде на човечките синови. 17Не, мртвите не Го фалат Господа, никој од оние, што слегоа во тишина. 18Но ние, ние Го славиме Господа, сега и довека. Алилуја!
Селектирано:
ПСАЛМИ 115: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: