ПСАЛМИ 118
118
Благодарност на Господа
1. Господова милост
1Алилуја! Благодарете Му на Господа, зашто е благ, зашто е вечна Неговата милост! 2Нека рече Израелевиот дом: „Вечна е Неговата милост!“ 3Нека рече Ароновиот дом: „Вечна е Неговата милост!“ 4Нека речат сите што се бојат од Господа: „Вечна е Неговата милост!“
2. Господ одговара на молитва
5Го повикав Господа во тешкотија: Господ ме услиши и ме ослободи. 6Господ е со мене и јас не се плашам: што може да ми направи човек? 7Господ е со мене, помеѓу моите помошници, затоа гледам радосно на оние кои ме мразат. 8Подобро е да се надева некој на Господа, отколку да се надева на човек; 9подобро е некој да се надева на Господа, отколку да се надева на кнезовите.
3. Господово избавување
10Сите народи ме опкружија, ги истребив во Господовото име. 11Ме опкружија отсекаде; ги истребив во Господовото име. 12Ме опкружија како пчели, нивното боцкање жеже како запалени трња: ги истребив со Господовото име. 13Ме туркаа, силно за да паднам, но Господ ми помогна. 14Господ е моја сила и песна, Тој ми е спасител.
4. Господова десница
15Чуј! Радост и спасение се слуша во шаторите на праведниците; Господовата десница се прослави, 16Господовата десница ме издигна, Господовата десница се прослави! 17Не, нема да умрам, туќу ќе живеам и ќе ги кажувам Господовите дела. 18Господ ме казни со тешка казна, но не ме предаде на смрт. 19Отворете ми ги ширум вратите на правдата, ќе влезам, ќе Му благодарам на Господа! 20Ова се Господовите врати, праведниците влегуваат низ нив! 21Ќе Ти благодарам што ме послуша и стана мој спасител.
5. Господова премудрост
22Каменот што го отфрлија ѕидарите, стана крајаголен камен. 23Тоа е од Господа и прекрасно е во нашите очи! 24Ова е денот што Господ Го направи да Му воскликнуваме и да Му се радуваме Нему! 25О Господи, дај ни спасение! Господи дај ни среќа! 26Благословен, кој доаѓа во Господово име, ве благословуваме од Господовиот дом. 27Господ е Бог, Тој ни дава светлина; врзете ја жртвата со јаже за роговите на жртвеникот.
6. Славење
28Ти си мој Бог - Тебе Ти благодарам: Боже мој - јас Те возвишувам Тебе. 29Благодарете Му на Господа, зашто е благ зашто е вечна Неговата милост!
Селектирано:
ПСАЛМИ 118: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: