ПСАЛМИ 144
144
Псалм на воин
1. Фала на Сѐмоќен Бог
Давидов псалм.
1Благословен да биде Господ, мојата карпа, Кој ми ги учи рацете за бој, а прстите за војна. 2Тој е моја љубов и моја тврдина, моја заштита, мој Избавител, мој штит зад кој се засолнувам; Тој ги покорува народите под моите нозе!
3О Господи, што е човекот, за да обрнеш внимание кон него? Што е човечкото чедо, за да си спомнуваш за него? 4Човекот е сличен на здивот, неговите денови исчезнуваат како сенка.
2. Молитва за помош и избавување
5Господи, наведни ги Твоите небеса и слези, допри се до планините: и ќе се зачадат! 6Светни со секавицата и распрсни ги, оптегни ги стрелите и збуни ги! 7Испружи ја раката од висините, истргај ме и спаси ме од бескрајните води, од рацете на туѓите синови: 8нивната уста зборува суета, а десницата им е десница на неправда.
9Ќе Ти пеам, Боже, нова песна, ќе ти свирам псалтир со десет жици. 10Ти им даваш победа на царевите, Ти, Кој го спаси Својот слуга Давид од лош меч! 11Ослободи ме и избави од туѓински раце: нивната уста зборува лаги, а десницата им е десница на неправда.
3. Молитва за благосостојба на Божји народ
12Дај ни: нашите синови да бидат како билки, што растат од својата младост; а нашите ќерки како крајаголни столбови; убави како храмовите столбови. 13Нашите житници да бидат полни, со секакви плодови во изобилство; нашите овци да се плодат со илјади, десетици илјади, да се плодат бескрајно по нашите полиња. 14Нашиот добиток да биде згоен! Да нема пробој ни ропство, ни плач по нашите улици. 15Блажен е оној народ, кој го има тоа; блажен е оној народ, кому Господ е Бог!
Селектирано:
ПСАЛМИ 144: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: