ПСАЛМИ 18
18
Благодарна песна за избавување од непријатели
1. Тој се фали со Господа
На пејачкиот началник. Од Господовиот слуга Давид, кој му ја испеа оваа песна, кога Господ го избави од рацете на сите негови непријатели и од рацете на Саула. Тој рече:
1Те љубам, Господи, тврдино моја!
2Господи, карпо моја, крепост моја, спасение мое; Боже мој, карпо моја, во Кого барам прибежиште, штит мој, рог на моето спасение, тврдино моја! 3Ќе Го повикам Господа, Кој е предостоен за фалба и ќе бидам избавен од непријателите.
2. Тој сведочи за Господовите спасувања
4Брановите на смртта ме опкружија, и порои од лоши луѓе ме исплашија. 5Јажињата на Подземјето ме изврзаа, смртоносните примки ме стегнаа: 6Во својата неволја Го повикав Господа, и извикав кон својот Бог. Тој го чу мојот повик, од Својот храм, и моето викање стигна до Неговите уши. 7Тогаш земјата се стресе и се растрепери, се разнишаа основите на планините, се раздвижија, зашто Тој се разгневи. 8Од Неговите ноздри се крена дим, а од Неговата уста оган, што голта; јаглења се распалија од Него. 9Тој ги наведна небесата и слезе, и мрак беше под Неговите нозе. 10Седна врз херув и летна; леташе врз крилјата на ветерот. 11Ја направи темнината Свое тајно засолниште, се покри со темните води и со густите облаци. 12Од светкање пред Него, низ Неговите облаци удрија град и огнени јаглења. 13Господ загрме од небото, Сѐвишниот го даде Својот глас: град и огнени јаглења. 14Ги прати своите стрели и ги распрсна, и ги расфрли секавиците; 15тогаш се покажаа морските дна, основите на вселената се открија, од Твојата закана, Господи, од дувањето на здивот на Твојот гнев.
16Ја испружи Својата рака од небото и ме подзеде, ме извлече од големи води. 17Ме избави од силниот непријател, од оние што ме мразеа, зашто беа посилни од мене. 18Станаа против мене во денот на мојата неволја, но Господ ми стана поткрепа. 19Ме изведе на широко место, ме избави зашто му бев мил.
3. Тој ја оправдува својата непорочност
20Господ ми даде според мојата праведност; ме награди според чистотата на моите раце;
21зашто ги запазив Господовите патишта и не се оддалечив од својот Бог. 22Сите Негови закони се пред мене, не ги отфрлив Неговите заповеди, 23бев непорочен пред Него и се чував од своето беззаконие. 24Затоа Господ ми врати според мојата правда, според чистотата на моите раце пред Неговите очи.
25Со милостивиот, Ти си милостив, на чесниот со чесност му враќаш;
26со чистиот Ти си чист, а со развратниот Ти си спротивен од него; 27зашто Ти ги спасуваш нажалените луѓе, а ги понизуваш гордите очи. 28Ти ја запалуваш мојата светлина, Господи мој Боже, Ти ја осветлуваш мојата темнина: 29Зашто преку Тебе го разбивам полкот, со мојот Бог прескокнувам преку ѕид.
30Божјиот пат е совршен; Божјото слово е испитано. Тој е штит на сите, кои се надеваат на Него.
4. Тој признава дека Бог го избави него
31Зашто кој е Бог освен Господ? кој е Карпа освен нашиот Бог? 32Бог, кој ме препашува со сила и го прави совршен мојот пат; 33ми даде брзи нозе како на елените и ме постави на моите височини, 34ми ги учи рацете за бој, така што моите мишки оптегнуваат бронзен лак. 35Ти ми го даваш штитот на Своето спасение, Твојата десница ме поддржува, а Твојата благост ме возвеличува. 36Ти го шириш мојот чекор, под мене, така што моите нозе не се сопнуваат.
37Ги гонев своите непријатели и ги стигнав и не се вратив додека не ги истребив. 38Ги поразувам и не можат да се кренат, паднаа под моите нозе. 39Зашто Ти ме препаша со сила за бој; ги отстрани пред мене, оние што стануваат против мене. 40Ти направи моите непријатели да ми го вртат грбот, за да ги истребам оние што ме мразат. 41Тие викаат, но нема избавител, кон Господа, но Тој не ги слуша. 42Тогаш ги ситнев како прав пред ветерот, ги газев како кал по улиците.
5. Вера во иднина
43Ти ме избави од народната буна, ме постави главатар на народите; ми служи народ што не го познавав. 44Штом чуја за мене, тие ме послушаа, ми се покоруваат туѓинци. 45Туѓинците ослабеа, треперејќи излегуваат од своите тврдини.
46Жив е Господ! Благословена да е мојата Карпа! Нека се возвиси Бог на моето спасение! 47Бог, Кој одмаздува за мене, и ми ги покорува народите. 48Кој ме избавува од моите непријатели! Ме издига над оние што стануваат против мене, ме спасува од насилниците.
49Затоа ќе Те славам, Господи, среде народите и ќе му пеам на Твоето име: 50Славно го избавуваш Твојот цар и му искажуваш милост на Твојот помазаник, на Давида и на неговото потомство довека.
Селектирано:
ПСАЛМИ 18: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: