ПСАЛМИ 22
22
Пророштво за страдање и слава на Месија
1. Оставен од Бога
За хоровиот началник, според „Кошута во зора.“ Давидов псалм.
1Боже мој, Боже мој, зошто ме остави? Далеку си од моето спасение, од зборовите на моето офкање. 2Боже мој, викам дење, но не одговараш; и ноќе но немам мир. 3Но Ти си Свет, Надеж Израелева! 4Нашите татковци се надеваа на Тебе, се надеваа и Ти ги избави; 5кон Тебе викаа и се спасуваа, на Тебе се надеваа и не се засрамија.
2. Навредување од луѓе
6А јас сум црв, а не човек, срам за луѓето и презрен од народот. 7Сите што ме гледаат, ми се потсмеваат, ги растегат усните, мавтаат со главата и велат: 8„Тој се надева на Господа, нека го избави; нека го спаси, ако го милува!“
9Но, Ти ме извади од утробата, Ти ме смири врз мајчините гради. 10Тебе сум Ти оставен од моето раѓање, од мајчиното крило Ти си мој Бог.
11Не се оддалечувај од мене, зашто е близу неволјата, а нема никој да ми помогне.
3. Опкружен со ѕверови
12Ме опколија многубројни јунци, васански бикови ме опкружија. 13Своите усти ги отворија на мене, како лав што го раскинува пленот и рика. 14Се разлеав како вода, ми се разглобија сите коски; моето срце стана како восок, се растопи во мене. 15Мојата сила се исуши како црепна, и мојот јазик се залепи до непцето; Ти ме фрли во смртниот прав.
4. Прободување на раце и нозе Фрлање жрепка за облека
16Кучињата ме опколија; лукав народ ме опкружи. Ги прободија моите раце и моите нозе. 17Можам да ги пребројам сите свои коски, а тие ме гледаат и ме презираат. 18Ги поделија моите облеки меѓу себе, и жрепка фрлаа за мојата облека.
5. Негова молитва за избавување
19Но, Ти, Господи, да не се оддалечиш, о моја сило, побрзај ми на помош! 20Избави ја мојата душа од меч, единствената моја душа - од силата на кучето. 21Спаси ме од устата на лавот, и од биволските рогови. Ти ме послуша!
6. Негово прославување и Царство
22Ќе го проповедам Твоето име на моите браќа, ќе Те фалам среде собранието. 23Вие кои се боите од Бога, фалете Го! Славете Го сите од Јакововиот род! Бојте се од Него сите Израелеви потомци! 24Зашто не го презре ниту ја заборави тагата на натажениот, и не го скри Своето лице од него, туку го чу, кога Го повика.
25Затоа ќе Те фалам во големото собрание, ќе ги исполнам своите завети пред оние кои се плашат од Него. 26Бедните ќе јадат и ќе се наситат, ќе го фалат Господа оние што Го бараат: вашето срце нека живее довека! 27Ќе си спомнат и ќе се обратат кон Господа сите земни краишта; и пред Него ќе се поклонуваат сите племиња на народите.
28Зашто Царството е Господово, Тој е владетел над народите. 29Сите богати на земјата ќе јадат и ќе почитуваат; пред Него ќе се поклонат сите, што слегуваат во правта, а што не можат да ја запазат својата душа во живот. 30Потомството ќе Му служи Нему. Ќе му се раскажува за Господа на идното поколение. 31Ќе дојдат и ќе им раскажуваат за Неговата правда, на луѓето кои ќе се родат: „Господ го направи ова!“
Селектирано:
ПСАЛМИ 22: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: