ПСАЛМИ 44
44
Молитва за победа со Бога
1. Спомнување за милости во минато
За началникот на пејачите. Учење за Кореевите синови.
1Боже, со своите уши слушавме, нашите татковци ни раскажуваа, за делото што го направи во нивните дни, во стари времиња. 2Со Својата рака ги протера многубошците, а нив ги посади, ги откорна народите, а нив ги рашири. 3Со нивниот меч тие не ја зазедоа земјата, ниту нивната мишка им донесе победа, туку Твојата десница и Твојата мишка, и светлоста на Твоето лице, зашто ги љубеше.
4Ти, о мој Царе и Боже мој, Ти му даде победа на Јакова. 5Преку Тебе ги одбивме нашите непријатели, во Твоето име ги згазивме оние, што се кренаа против нас. 6Не се надевав на својот лак, ниту мојот меч ме спасуваше. 7Туку, Ти, Ти нѐ избави од непријателите, Ти ги засрами оние што нѐ мразат. 8Се фалевме со Бога во секое доба и Твоето име го славевме секогаш.
2. Сегашна тага
9А сега нѐ отфрли и нѐ засрами, и повеќе не излегуваш, Боже со нашите чети. 10Ти остави да се повлечеме пред непријателите, и нѐ ограбија нашите мразители. 11Нѐ даде како овци за колење, и нѐ растури меѓу народите. 12Го продаде Својот народ за ништо, и не се збогати со продажбата. 13Нѐ направи за срам меѓу нашите соседи, смеа и играчка за оние околу нас. 14Засрамени сме меѓу народите, народите кимнуваат со главата над нас. 15Мојата срамота секогаш ми е пред очите, и срамот ми го покрива лицето. 16Заради навредливата врева на подбивачите, заради осветољубивите непријатели.
3. Возвик кон Бога за избавување
17Сѐ тоа нѐ снајде иако не Те заборавивме, ниту го изневеривме Твојот Завет, 18ниту нашето срце се одметна од Тебе, ниту нашата нога се отстрани од Твојот пат, 19кога нѐ раздроби во престојувалиштето на шакалите и нѐ завитка со смртен мрак.
20Ако го заборавиме името на нашиот Бог, ако ги кренавме рацете кон туѓ бог, 21зар Бог не би научил за тоа? Зашто Тој ги знае тајните на срцето! 22Но заради Тебе нѐ убиваат ден по ден, и ние сме им како овци за колење.
23Разбуди се! Зошто спиеш Господи? Стани! Не отфрлај нѐ довека! 24Зошто го криеш Своето лице, ги забораваш нашата беда и неволја? 25Зашто нашата душа се распадна во прав, утробата ни се долепи до земјата. 26Стани, помогни ни, избави нѐ заради Твојата љубов.
Селектирано:
ПСАЛМИ 44: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: