Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 55

55
Молитва во страв и трепет
1. Давидови беди
За началникот на пејачите, на жичани, инструменти. Давидово учење.
1Послушај ми ја Боже, молитвата, не криј се од мојата молитва: 2Внимавај на мене и услиши ме! Се измачувам во својата тешкотија, 3ме збуни викотницата на непријателите и грешничкото угнетување. Се нафрлија врз мене со беззаконие, бесно ме гонат.
4Срцето ми трепери и смртен страв ме опфати. 5Страв и трепет дојдоа на мене и ужас ме обзеде. 6Извикав: „О да имав крилја гулабови, ќе одлетав и ќе се одморев! 7Ете, би летал далеку, далеку, ќе се настанев во пустината; 8бргу ќе побарав засолниште од бесна бура и од виорот.“
2. Предавство од другар
9Збуни ги, Господи, изметкај им ги јазиците, зашто гледам насилство и препирка во градот: 10Дење и ноќе кружат по ѕидиштата, беззаконија и неволји има во него. 11Среде него: заседа, неправдата и подлоста не заминуваат од неговите улици.
12Ако ме укореше непријателот, тоа би го претрпел; да се кренеше против мене оној, што ме мрази, би се скрил пред него. 13Но, тоа беше ти, ти еднаков со мене, мој пријател, мој довереник, 14со кого другарував слатко и одевме сложно во Божјиот дом. 15Смртта нека ги најде одненадеж, нека слезат живи во Подземјето, зашто пакоста им е во живеалиштето и во срцето.
3. Давидова надеж на Бога
16А јас ќе Го повикам Бога и Господ ќе ме спаси. 17Навечер, наутро и на пладне ќе плачам тажно, и Тој ќе го чуе мојот глас. 18Ќе ми даде мир од оние што ме гонат: зашто се мнозина против мене. 19Бог ќе чуе и ќе ги понизи, Оној, Кој царува од векови, зашто не се поправаат, не се бојат од Бога. 20Креваат раце на пријателите, го нарушуваат својот завет. 21Устата им е помека од маст, а срцето за војна спремно; зборовите понежни од масло, а тие се извлечени мечеви.
22Довери Му ја на Господа сета своја грижа и Тој ќе те поткрепи: не ќе остави никогаш да се сопне праведникот. 23А нив, Боже, фрли ги во гробната јама! Крвопијците и измамниците не ќе доживеат половина од дните! А јас се надевам на Тебе!

Селектирано:

ПСАЛМИ 55: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се