Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 64

64
Молитва за Божја помош против тајни непријатели
1. Повик за помош
За началник на пејачи. Давидов псалм.
1Послушај го, Боже, гласот на мојата жалба, чувај ми го животот од страшен непријател! 2Штити ме од множество лукави, скриј ме од бесот на злодејците. 3Кои ги острат јазиците како мечеви, исфрлаат отровни зборови како стрели, 4за да го ранат потајно невиниот, за да го ранат одненадеж, не плашејќи се од ништо. 5Подготвени се за пакосно дело, смислуваат како да постават крадум стапици и зборуваат: „Кој ќе нѐ види?“ 6Измислуваат злодела, спремни сме со смислени намери: мислата и човечкото срце се длабока бездна.
2. Божји суд над грешници
7Но Бог ги ранува со стрела, одненадеж ги прекриваат рани. 8Сопствениот јазик ќе ги сопне, ќе бегаат од нив оние што ги гледаат: 9сите се плашат, го слават Божјото дело и мислат за она што Тој направи. 10Праведникот се весели во Господа, на Него се надева; и чесните извикуваат радосно со сето срце.

Селектирано:

ПСАЛМИ 64: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се