ПСАЛМИ 66
66
Благодарствена песна
1. За избавување на избран народ
За началник на пејачи. Песна.
1Воскликни му на Бога, сета земјо, 2опеј ја славата на Неговото име, подај Му достојна фала. 3Речете на Бога: „Колку се страшни Твоите дела! Непријателите Ти ласкаат, заради Твојата голема сила. 4Целата земја нека Ти се поклонува и нека Ти пее, нека Му пее на Твоето име!“
5Дојдете и видете ги Божјите дела: направи чуда меѓу човечките синови. 6Тој го претвори морето во суво копно, со нозете ја пребродија реката, заради тоа да Му се радуваме! 7Владее довека со Својата сила, Неговите очи ги набљудуваат народите, за да не се кренат бунтовни луѓе.
8Благословувајте Го, народи, нашиот Бог, разгласувајте ја Неговата фала! 9Ѝ дарува живот на нашата душа и не остави да ни се сопне ногата. 10Ти нѐ искуша о Боже, нѐ искушуваше, како сребро, со оган. 11Нѐ остави да паднеме во стапица, ги стисна со вериги нашите слабини. 12Остави да ни јаваат на глава: поминавме низ оган и вода, тогаш нѐ изведе во изобилие.
2. За лична помош
13Ќе влезам со паленица во Твојот дом, ќе ги исполнам заветите пред Тебе, 14што ги ветија моите усни, што ги заветува мојата уста во неволја. 15Ќе Ти принесам паленици од мрсно, со мирис на овни, ќе жртвувам волови и јариња.
16Дојдете, чујте, сите, што се боите од Бога, ќе ви раскажувам што ѝ направи на мојата душа! 17Со својата уста Го повикав Него, со јазикот Го фалев. 18Ако мислев зло во срцето, Господ не би послушал. 19Но Бог ме услиши: Обрна внимание на гласот на мојата молитва. 20Благословен да е Бог, Кој не ми ја одби молитвата, Кој не ја отстрани од мене Својата милост.
Селектирано:
ПСАЛМИ 66: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: