ПСАЛМИ 83
83
Молитва кон Бога за посрамување на непријатели
1. Молитва за суд над Израелеви непријатели
Песна. Асафов псалм.
1Господи, не молчи! Боже, не премолчувај и не мирувај! 2Зашто еве: Твоите непријатели зовреа, а Твоите мразители ја креваат главата. 3Се заверуваат против Твојот народ и се советуваат против Твоите штитеници. 4Зборуваат: „Дојдете да ги истребиме, за да не бидат народ, нека не се спомнува повеќе името Израел!“ 5Навистина, едногласно се советуваат и склучија сојуз против Тебе: 6Шаторите на Едом и Исмаилците, Моавците и Агарјанците, 7Гевал, Амон и Амалик, Филистимците со жителите на Тир. 8И Асирците се здружија со нив, им подадоа рака на Лотовите потомци.
2. Проклетство против непријателски чети
9Направи им како на Мадијамците, како на Сисара и на Јавина при потокот Кисон: 10кои загинаа близу Ен-Дор и станаа гној за нивите. 11Направи ги нивните кнезови како Орив и Зив, сите нивни водачи нека бидат како Зевеј и Салман, 12што викаа едногласно: „Да ги освоиме Божјите краишта!“
13Дај, О Боже, да бидат како завиорен прав, како плева што ветерот ја носи. 14Како што огнот ја голта гората, како што пламенот ги изгорува шумите, 15гони ги така со Својата бура, исплаши ги со Својот виор! 16Покри им го лицето со срам, за да го бараат Твоето име, Господи! 17Нека се засрамат и плашат засекогаш, нека се срамат и нека изгинат! 18Нека знаат: Ти си, Чие Име е - Господ! Единствен, Сѐвишен на целата земја.
Селектирано:
ПСАЛМИ 83: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: