Лого на YouVersion
Икона за пребарување

РИМЈАНИТЕ 15:1-7

РИМЈАНИТЕ 15:1-7 MKB

Ние силните должни сме да ги носиме слабостите на слабите, а да не си угодуваме сами на себеси. Секој од нас нека му угодува на ближниот, во негова полза, за добро, зашто ни Христос не Си угодуваше Сам на Себеси, туку како што е напишано: „Хулите на оние, кои Те хулеа, паднаа на Мене.“ Навистина, сѐ што е напишано некогаш, напишано ни е нам за поука, за да имаме надеж преку трпението и преку утехата од Писмата. И Бог на трпението и утехата да ви даде едномислие меѓу вас по примерот на Исуса Христа, за да Го славите, еднодушно, со една уста, Бог, Таткото на нашиот Господ Исус Христос. Затоа примајте се еден со друг, како што и Христос ве прими за Божјата слава!