РИМЈАНИТЕ 6
6
Ослободување од робување на грев
1И така, што ќе речеме? Да останеме ли и натаму во гревот, за да се умножи благодатта? 2Далеку од тоа! Ние, кои умревме за гревот, како ќе живееме уште во него? 3Или зар не знаете дека сите ние, кои сме крстени во Исуса Христа, крстени сме во Неговата смрт? 4И така, преку крштавањето во смртта, погребани сме заедно со Него, - та како што Христос воскресна од мртвите преку славата на Таткото, - така и ние да одиме во нов живот. 5Зашто ако сме соединети со Него во смртта слична на Неговата, ќе бидеме и во воскресението слично на Неговото. 6Тоа го знаеме: нашиот стар човек е распнат заедно со Него, за да биде уништено телото на гревот, па да не му робуваме веќе на гревот, 7зашто тој кој умрел, е оправдан од гревот. 8А ако умревме со Христа, веруваме дека и ќе живееме со Него, 9зашто знаеме дека Христос, Кој воскресна од мртвите, веќе не умира: смртта нема веќе власт над Него. 10Зашто, ако умрел - умрел за гревот еднаш засекогаш, а што живее - живее за Бога. 11Така и вие сметајте се себеси мртви за гревот, но живи за Бога во Исуса Христа нашиот Господ!
12И така, нека не царува гревот во вашето смртно тело, па да ги слушате неговите страсни желби! 13И не давајте му ги вашите членови на гревот за оружје на неправдата, туку предавајте Му се сами себеси на Бога, како оживени од мртвите, а вашите членови на Бога за оружје на правдата! 14Имено, гревот не ќе има веќе власт над вас, зашто не сте под Законот, туку под благодатта.
15Па што? Да грешиме ли, зашто не сме под Законот, а под благодатта? Да не биде! 16Не знаете ли: ако некому му се предадете за робови во послушност - робови сте му на оној, кому му се покорувате: или на гревот - за смрт; или на послушноста - за праведност? 17Но благодарејќи Му на Бога, зашто вие, откако му бевте робови на гревот, му станавте послушни од сѐ срце на примерот на науката, на која ѝ бевте предадени 18па така, ослободени од гревот, станавте слуги на правдата. 19Зборувам по човечки заради слабоста на вашето тело: како што некогаш ги предадовте вашите членови да им служат на нечистотата и на беззаконието, за беззаконство; така сега предадете ги вашите членови да ѝ служат на правдата, за осветување! 20Зашто, кога бевте робови на гревот, бевте слободни од правдата. 21А каков плод имавте тогаш, од оние работи, заради кои се срамите денес, зашто нивниот крај е смртта?! 22Но сега, откако сте ослободени од гревот и откако се поставивте во служба на Бога - го имате вашиот плод - осветувањето; а вечниот живот - за крај, 23зашто смртта е плата за грев, но благодатниот Божји дар е - вечен живот во Христа Исуса, нашиот Господ.
Селектирано:
РИМЈАНИТЕ 6: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: