Кој ќе нѐ одвои од Христовата љубов? Неволјата ли, или притеснувањето, или гонењето, или гладот, или голотата, или гибелта или мечот? Како што е напишано: „Заради Тебе нѐ убиваат постојано, нѐ сметаат како овци за клање.“ Но во сѐ ова победуваме надмоќно преку Оној, Кој нѐ возљуби. Зашто сум уверен дека ни смртта, ни животот, ни ангелите, ни властите, ни сегашноста, ни иднината, ни силите, ни височината, ни длабочината, ниту некое друго создание, ќе може да нѐ оддели од Божјата љубов, која е во Христа Исуса, нашиот Господ.
Прочитај РИМЈАНИТЕ 8
Сподели
Спореди ги сите верзии: РИМЈАНИТЕ 8:35-39
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа