РИМЈАНИТЕ 8
8
Божествено посинување и надеж на слава
1И така, сега нема осудување за оние, кои се во Христа Исуса, и одат не по телото, а по Духот. 2Зашто законот на Духот на животот во Христа Исуса ме ослободи од законот на гревот и смртта. 3Зашто тоа, што му беше невозможно на Законот, зашто беше слаб заради телото, Бог го изврши: испраќајќи Го - заради гревот - Својот Син во обличје слично на грешното тело и, поради грев, го осуди гревот во телото, 4па, праведноста, што Законот ја бара, да се исполни во нас, - кои не одиме по телото, туку по Духот. 5Зашто, кои се по телото, мислат за телото, додека оние, по Духот, мислат за нештата на Духот. 6Бидејќи мудрувањето на телото, е смрт; а мудрувањето на Духот: живот и мир; 7зашто мудрувањето на телото е непријателство против Бога, бидејќи не му се покорува на Божјиот Закон, ниту пак може. 8Оние, кои се во телото, не можат да Му угодат на Бога. 9Но вие не сте во телото, туку во Духот, ако Божјиот Дух навистина живее во вас. Но, ако некој Го нема Христовиот Дух, не е Негов. 10А ако е Христос во вас, тогаш телото е мртво заради гревот, а духот е жив заради правдата. 11Ако навистина во вас живее Духот на Оној, Кој Го воскресна Исуса од мртвите; Оној Кој Го воскресна Христа, ќе ги оживи и вашите смртни тела преку Својот Дух, Кој живее во вас.
12Според тоа, браќа, не сме му должници на телото, за да живееме по телото. 13Зашто, ако живеете по телото, ќе умрете; но ако преку Духот ги умртвувате телесните дејства - ќе живеете. 14Сите оние, кои ги води Божјиот Дух - тие се Божји синови. 15Имено, не го примивте духот на ропството, за да бидете пак во страв, туку го примивте Духот на посинувањето, со кој викаме: „Ава - Татко!“ 16Самиот Дух сведочи заедно со нашиот дух дека сме Божји чеда. 17Ако сме чеда, тогаш сме и наследници: Божји наследници, а Христови сонаследници - ако страдаме со Него, со Него и да се прославиме.
18Зашто сметам дека страдањата на сегашното време не се ништо во споредба со славата, која ќе ни се открие нам. 19Зашто сето создание со нетрпелив копнеж го очекува откривањето на Божјите синови - 20имено, созданието ѝ беше потчинето на суетата, не доброволно, туку од оној, кој го потчини - во надеж 21дека и самото создание ќе биде ослободено од ропството на распаѓањето; во слобода на славата на Божјите деца. 22Имено, знаеме дека целото создание заедно воздивнува и страда во родилни маки досега. 23И не само тоа, туку и ние, кои го имаме Духот како прв дар; ние самите воздивнуваме во себе чекајќи го посинувањето: откупувањето на нашето тело. 24Зашто, во оваа надеж ние се спасивме. А надежта која се гледа не е надеж; зашто, кога некој нешто гледа, зошто да му се надева? 25Но ако се надеваме на она што не го гледаме, тогаш го чекаме со трпение.
26Исто така и Духот ѝ помага на нашата слабост, зашто ние не знаеме за што да се молиме, како што треба: но Самиот Дух посредува за нас со неискажливи воздишки. 27А Оној, Кој ги испитува срцата, знае какво е значењето на Духот, зашто по Божјата волја се моли за светите. 28Но знаеме дека сите работи содејствуваат за добро на оние, кои Го љубат Бога, кои се повикани по Неговата намера; 29зашто оние кои ги познаваше однапред, нив и ги предопредели да се преобразат според ликот на Неговиот Син, за Тој да биде Првороденец меѓу многуте браќа. 30А оние кои ги предопредели, тие и ги повика; кои ги повика, тие и ги оправда; кои ги оправда, тие и ги прослави.
31И така, што да речеме на ова? Ако е Бог за нас, кој ќе биде против нас? 32Оној, Кој не Го поштеди ни сопствениот Син, туку Го предаде за сите нас, како не ќе ни подари сѐ друго со Него? 33Кој ќе ги обвини Божјите избраници? Бог ли, Кој ги оправдува? 34Кој е оној кој ќе ги осуди? Христос Исус ли, Кој умре - но уште и воскресна - Кој е од десната страна на Бога и Кој се застапува за нас? 35Кој ќе нѐ одвои од Христовата љубов? Неволјата ли, или притеснувањето, или гонењето, или гладот, или голотата, или гибелта или мечот? 36Како што е напишано: „Заради Тебе нѐ убиваат постојано, нѐ сметаат како овци за клање.“ 37Но во сѐ ова победуваме надмоќно преку Оној, Кој нѐ возљуби. 38Зашто сум уверен дека ни смртта, ни животот, ни ангелите, ни властите, ни сегашноста, ни иднината, ни силите, 39ни височината, ни длабочината, ниту некое друго создание, ќе може да нѐ оддели од Божјата љубов, која е во Христа Исуса, нашиот Господ.
Селектирано:
РИМЈАНИТЕ 8: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: