ЗАХАРИЈА 4
4
6. Видение: златен светилник и две маслини
1Ангелот, кој зборуваше со мене, се врати тогаш и ме разбуди како човек кој се буди од сон. 2„Што гледаш?“ праша. Јас одговорив: „Еве, гледам светилник, сиот од злато со чаша за масло врз него; и на светилникот се седум светилки, со седум чашки за седумте светилки што се на него. 3Две маслинови стебла се покрај него, едното оддесно, другото одлево.“ 4Му се обратив на ангелот кој зборуваше со мене и го прашав: „Што е тоа Господару? 5Ангелот кој зборуваше со мене, ми одговори: „Зар не знаеш што е тоа?“ Јас реков: „Не, господару.“ 6Тогаш тој ми одговори вака: „Еве ги Господовите зборови на Зоровавела: ‘Не со сила ни со снага туку со Мојот Дух! - слово е на Господа над Војските. 7Што си ти голема горо? Пред Зоровавела стануваш рамница! Тој ќе го извлече врвниот камен со воскликнување: „Благодат! Благодат нему!“‘“ 8Потоа ми дојде Господово слово: 9„Зоровавеловите раце му ставија основи на овој Дом, неговите раце ќе го довршат. И вие ќе знаете дека Господ над Воинствата ме испрати кај вас. 10Зашто, кој го презре денот на скромните почетоци? Ќе се радуваат кога ќе видат камено висулче во Зоровавеловите раце. Овие седум се Господовите очи што ја опфаќаат со поглед сета земја.“ 11Тогаш проговорив и го прашав: „Што се оние две маслинови дрва оддесно и одлево на светилникот?“ 12Пак проговорив и го прашав: „Што се оние две маслинови гранчиња што низ две златни цевки дотуруваат масло?“ 13Тој ми одговори: „Зар не знаеш што е тоа?“ Одговорив: „Не, господару.“ 14Тој рече: „Тоа се два помазаника кои стојат пред Господарот на целата земја.“
Селектирано:
ЗАХАРИЈА 4: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: