Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЗАХАРИЈА 6

6
9. Видение: четири бојни коли
1И ги подигнав очите и видов: ете, четири бојни коли излегуваат меѓу две гори; а горите беа од бронза. 2Во првата кола беа костенливи коњи; во втората кола црни коњи; 3во третата кола бели коњи, а во четвртата кола лисести коњи. 4Му се обратив на ангелот кој зборуваше со мене и го прашав: „Што е тоа господару?“ 5Ангелот ми одговори вака: „Тие тргнуваат кон четирите страни на небото откако стоеја пред Господарот на целата земја. 6Костенливите коњи тргнуваат во Источната Земја; црните во Северната Земја; белите во Западната Земја, а шароликите во Јужната Земја.“ 7Тие чекорат цврсто, нестрпливи за да ја обиколат земјата! И тие тргнаа да ја обиколуваат земјата. 8Тој ме повика и ми рече: „Гледај, оние што тргнаа во Северната Земја ќе го смират мојот дух во Северната Земја.“
10. Симболично венчавање на Исус, образ на Подник
9И ми дојде Господово слово: 10„Земи приноси од заточениците - од Хелдај, од Тобиј и од Једај - и тргни денес и влези во домот на Јосиј, синот Софониев, кој дојде од Вавилон. 11Земи сребро и злато, направи круна и стави ја на главата на Исус синот Јоседеков, велесвештеник. 12И речи му: „Господ над Војските зборува вака: ‘Еве го човекот кому му е името Подник; од под него ќе израсне и тој ќе го изгради Господовиот Храм. 13Тој ќе го изгради Господовото Светилиште и ќе се прослави. Тој ќе седи и ќе владее на својот престол. А ќе биде и свештеник на престолот свој. Совршена складност ќе биде меѓу нив.“‘
14„А круната нека остане во Господовото Светилиште за спомен на Елема, Тобиј, Једај и Јосиј, синот Софониев. 15И оние што се далеку ќе дојдат и ќе го изградат Господовото Светилиште. Така ќе знаете дека Господ над Воинствата ме испрати кај вас. Тоа ќе се збидне ако навистина го послушате гласот на Господа, вашиот Бог.“

Селектирано:

ЗАХАРИЈА 6: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се