Лого на YouVersion
Икона за пребарување

СОФОНИЈА 1

1
ГОСПОДОВ ДЕН
1:1-2:3
А. Вовед
1Господово слово упатено до Софонија, синот Хусиев, син на Годолиј, син на Амариј, син Езекиин, во деновите на Јосиј синот Амонов, јудејски цар.
Б. Суд над Јудеја
2„Да, сѐ ќе избришам од лицето на земјата - говори Господ! 3Ќе ги уништам луѓето и ѕверовите, небесните птици и морските риби, соблазните идоли со безбожниците, ќе ги истребам луѓето од лицето на земјата - говори Господ! 4Ќе подигнам рака на Јуда и на сите жители на Ерусалим и ќе го истребам од ова место Вааловиот остаток, и името на паганските свештеници заедно со израелевите свештеници; 5оние, кои се клањаат по покривите на небесната војска, оние, кои се клањаат и заколнуваат пред Господа, а се заколнуваат и во Мелхом; 6оние кои отстапија од Господа, кои не Го бараат Господа и не прашуваат за Него.“ 7Молкни пред Господа Бога, зашто е близу Господовиот ден! Да, Господ ја подготви жртвата, ги освети своите повиканици. 8„Во денот на Господовата жртва ќе ги казнам кнезовите, царските синови, и сите кои се облекуваат со туѓинска облека. 9Ќе ги казнам во тој ден, сите кои прескокнуваат преку прагот, кои домовите на своите господари ги полнат со насилство и измама. 10Во оној ден - говори Господ - ќе се дигне викотница од Рибната Врата, плач од новиот дел на градот, големо разурнување на ридови. 11Ридајте, жители на Мактес, зашто е сотрен сиот трговски народ, истребени се сите мерачи на среброто. 12Во тоа време, ќе го пребарам Ерусалим со светилници и ќе ги посетам со казна луѓето, кои се одмараат на својот вински талог, и зборуваат во своето срце: ‘Господ не може да направи ни добро ни зло.’ 13Нивното богатство ќе биде оставено на грабеж, нивните куќи на запустување. Тие градеа куќи - не ќе живеат во нив; садеа лозја, не ќе пијат вино од нив.“
В. Ден на гнев
14Близу е Господовиот ден, голем! Близу е и доаѓа брзо! Горчлив е гласот на Господовиот ден: тогаш и јунакот ќе заплаче. 15Тој ден е ден на гнев! Ден на тешкотии и неволји! Ден на ужас и запустување! Ден на мрак и наоблаченост! Ден на темнина и маглишта! 16Ден на трубење и на бојна викотница против утврдените градови и против високите стражарници. 17Ќе им ги препуштам луѓето на неволјите и ќе одат како слепци зашто згрешија против Господа, нивната крв ќе се разлее како прав, нивните трупови ќе бидат фрлени како смет. 18Ни нивното сребро ни нивното злато не ќе ги спаси. Во денот на Господовиот гнев, огнот на Неговата ревност ќе ја изгори сета земја. Зашто тој ќе ги уништи, и тоа наскоро, сите жители на земјата.

Селектирано:

СОФОНИЈА 1: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се