1 Коринтјаните 12
12
1А сега, драги пријатели христијани, сакам да ви напишам нешто и за духовните дарби, односно за даровите што Светиот Дух му ги дава на секој од нас, за да немате погрешна претстава по ова прашање.
2Знаете дека кога бевте пагани вие бевте заведени и влечени кон обожавање на неми идоли.
3Затоа сакам да ви кажам како да разликувате дали нешто е навистина од Бог: како што ниеден човек кој е воден од Божјиот Дух не може да Го колне Исуса, така и никој не може да исповеда дека Исус е Господ, доколку не е воден од Светиот Дух.
4Постојат разни духовни дарби, но сите нив ги дава истиот Дух.
5Постојат различни начини на кои секој од нас помага во Црквата, но сите ние работиме за истиот Господ.
6Постојат различни начини на кои Бог дејствува во нашите животи, но преку сите нас работи истиот Бог.
7Преку секој од нас, Светиот Дух дејствува за општа полза на сите.
8На некои луѓе Светиот Дух им дал дарба мудро да зборуваат, на други им дал особено знаење.
9Истиот Дух на едни луѓе им дава посебна вера, а на други - дарба да исцелуваат.
10На некои луѓе им дава моќ да прават чуда, на други да пророкуваат; на некои луѓе им дава способност да распознаваат дали духот што зборува навистина е од Бог или не, на други да зборуваат на различни јазици, а на трети, пак, да преведуваат од различни јазици.
11Сите овие нешта ги прави единствениот и истиот Свет Дух, Кој ги распоредува даровите онака како што лично Тој ќе реши. Споредба со органите во телото
12Како што едно живо тело е составено од многу органи и сите тие многубројни органи сочинуваат едно исто тело, така е и со Црквата, која е Христово тело.
13Нас не има Евреи и припадници на други народи, некои од нас се робови, а некои слободни. Сепак Божјиот Дух сите нас не крсти и од нас направи едно тело. Секој од нас го прими истиот Дух.
14Телото не е составено само од еден орган, туку од повеќе органи.
15Ако ногата рече: „Јас не сум дел од телото, бидејќи не сум рака!“ Дали тоа што е нога, а не рака, е причина да не се смета за дел од телото?
16Или ако увото рече: „Јас не сум дел од телото, бидејќи не сум око!“ Дали тоа што е уво, а не око, е причина да не се смета за дел од телото?
17Ако целото тело беше само око, како ќе слушавме? Ако целото тело беше само уво, како ќе чувствувавме мириси?
18Но Бог го создаде нашето тело со многу органи и ги постави онаму каде што сметал дека им е местото.
19Ако има само еден орган, тоа нема да претставува тело!
20Телото е едно, но се состои од многу органи.
21Окото не може да и каже на раката: „Не си ми потребна!“, ниту главата може да им каже на нозете: „Не сте ми потребни!“
22Напротив, органите што ни изгледаат послаби се многу понеопходни,
23а на оние што ги сметаме за понеугледни им посветуваме поголемо внимание! Значи, поголемо внимание им посветуваме на нашите понеугледни органи,
24зашто угледните органи немаат потреба од тоа. Бог така го составил телото, што им дал поголема чест на органите кои ние не ги истакнуваме.
25Така во самото тело нема неединство, туку органите еднакво се грижат еден за друг.
26Кога еден орган страда, со него страдаат сите органи. Кога на еден орган му се оддаде признание, со него се радуваат сите органи.
27Сите заедно, вие сте Христово тело, а секој поединец е посебен орган во тоа тело.
28Во Христовото тело, односно во Црквата, Бог поставил: прво апостоли, второ пророци, трето учители, по нив се оние што прават чуда, па оние што имаат дарба да исцелуваат, па оние што им помагаат на другите, па оние што умеат да управуваат и оние што зборуваат разни јазици.
29Зар треба сите да бидат апостоли? Треба ли сите да бидат пророци? Зар треба сите да бидат учители? Може ли сите да прават чуда?
30Може ли сите да имаат дарба да исцелуваат? Треба ли сите да зборуваат на разни јазици? Може ли секој да преведува од друг јазик? Се разбира, не!
31Стремете се кон поголеми дарби! А јас ќе ви покажам што е неспоредливо подобро од која и да е дарба!
Селектирано:
1 Коринтјаните 12: MNT
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
Copyright © Dynamic Equivalence Translation of the New Testament in Macedonian 1999 by HBC Radosna Vest, Skopje, Macedonia. All rights reserved.

: