Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Коринтјаните 16

16
1А сега нешто во врска со доброволните прилози за христијаните во Ерусалим. Она што им го кажав на црквите во Галатија важи и за вас.
2Секој прв ден во неделата, секој од вас нека издвои на страна дел од она што го заработил и нека го чува кај себе, за да не собирате прилози дури кога јас ќе дојдам.
3Кога ќе пристигнам, ќе испратиме луѓе што вие ги сметате за достојни да го однесат во Ерусалим она што вие со љубов ќе го подарите, а ќе составиме и пригодни писма.
4Ако можам да појдам и јас, ќе отпатуваме заедно.
5Ќе дојдам кај вас откако најпрво ќе ја посетам Македонија, зашто планирам да патувам преку Македонија.
6Ќе останам кај вас извесно време, можеби и целата зима, а потоа ќе ме испратите на моето следно патување.
7Не сакам да ве посетам сега, само на минување, туку сакам, ако Господ допушти, да останам кај вас извесно време.
8Ќе останам во Ефес се до Духовден,
9зашто за мене овде се отвори широко поле за работа и се надевам на успех, иако има и многумина што ми се противставуваат.
10Ако дојде Тимотеј, погрижете се да му обезбедите спокоен престој кај вас, бидејќи и тој работи за Господ, како што работам и јас.
11Никој да не го потценува, туку испратете го со мир, за да дојде кај мене, зашто јас и браќата го чекаме.
12Во врска со братот Аполос, јас многу го молев да дојде кај вас, заедно со другите браќа христијани, но тој не сакаше да тргне кај вас сега. Ќе дојде тогаш кога ќе има можност.
13Бидете постојано будни и непоколебливи во она што го верувате; бидете храбри и силни.
14Се што работите нека биде со љубов.
15Сега, драги мои, ве молам за семејството на Стефан, првиот христијанин во Ахаја, кој се стави во служба на верните.
16Слушајте ги таквите водачи како него и оние што работат и се трудат со него.
17Многу се радувам што Стефан, Фортунат и Ахаик дојдоа кај мене, зашто така ми се пополни празнината што ја чувствувам за вас.
18Тие ни донесоа утеха и поттик и мене и вам. Таквите луѓе заслужуваат посебно признание.
19Ве поздравуваат црквите од покраината Азија. Акила и Приска, заедно со оние што се собираат во нивниот дом, од се срце ве поздравуваат.
20Ве поздравуваат сите христијани. Поздравете се најсрдечно еден со друг.
21Со своја рака ви пишувам: поздрави од мене, Павле.
22Проклет нека биде оној што нема љубов спрема Господ! Мараната (Дојди Господе!)!
23Господ Исус нека ви биде благонаклонет.
24Ве сакам сите што сте следбеници на Исус Христос. (Амин.)

Селектирано:

1 Коринтјаните 16: MNT

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се