1 Коринтјаните 9
9
1Зар јас немам иста слобода како другите? Зар јас не сум апостол? Зар лично не сум Го видел нашиот Господ Исус? Зар не поверувавте во Господ преку мојот труд?
2Ако за некои не сум апостол, за вас сигурно сум! Вие сте, всушност, жив доказ дека јас сум апостол на Господ.
3Мојата одбрана пред оние што го доведуваат во прашање мојот авторитет како апостол гласи:
4Зар јас и Барнаба немаме право на храна и вода во вашите домови?
5Зар ние немаме право да се ожениме со христијанки и да ги водиме со нас, како што прават другите апостоли, браќата на Господ, па и Петар?
6Зар само јас и Барнаба мораме самите да се издржуваме додека проповедаме?
7Кој војник сам си ги плаќа трошоците на своето служење? Кој одгледува лозје, а не јаде од неговиот род? Кој пасе овци, а не пие млеко од нив?
8Не го зборувам тоа само од човечка гледна точка. Зар и Божјиот Закон не го вели истото?
9Во Мојсеевиот Закон е запишано: „Не врзувај му ја устата на добитокот што врши жито.“ Бог сигурно не мисли тука првенствено на добитокот.
10Зар тоа не е кажано за нас? Како што им следува надомест на оној што ора и на оној што врши, така им следува и на оние што се духовни работници.
11Ако ние во вас посадивме духовни добра, зар е голема работа ако за возврат добиеме дел од вашите материјални добра?
12Ако други луѓе имаат такво право на издршка од вас, зар ние не сме позаслужни од нив? Сепак, ние не го искористивме тоа право. Поднесуваме се, само да не создаваме пречки за ширењето на Радосната вест од Христос.
13Зар не знаете дека оние што ги извршуваат светите служби во храмот се издржуваат од подароците донесени во храмот, а и оние што служат на жртвеникот добиваат дел од принесеното?
14Така Господ определи и оние што ја проповедаат Радосната вест, од тоа да се издржуваат.
15Сепак, јас не искористив ниту едно од овие права и не ви го пишувам ова за да барам од вас издршка. Попрво ќе умрам, ама нема да дозволам некој да ми ја уништи репутацијата дека работам без надомест.
16Тоа што ја проповедам Радосната вест не го сметам за причина да се фалам. Се чувствувам должен тоа да го работам и тешко мене ако не ја проповедам Радосната вест!
17Да го работев тоа по моја лична определба, ќе заслужував надомест. Но за мене тоа е обврска што Бог ми ја довери.
18Тогаш, каква награда добивам јас? Тоа е честа да ја проповедам Радосната вест, без да имам материјална корист и без да ги искористувам правата што ми следуваат како на проповедник.
19Јас не бев должен да им се покорувам на луѓето, бидејќи од нив не добивав плата, но сепак им станав слуга на сите за да ги доведам кај Христос.
20Кога сум со Евреи, живеам како Евреин, за да ги доведам кај Христос. Тие му се потчинуваат на Мојсеевиот Закон, па и јас се придржувам кон истиот Закон, за да можам да ги доведам кај Христос, иако јас веќе не сум под тој Закон.
21Кога сум со луѓе што не го признаваат Мојсеевиот Закон, го оставам Законот настрана, та и нив да ги доведам кај Христос. Се разбира, јас не живеам без закон, зашто го почитувам Божјиот Закон, односно, се раководам од Христовиот закон.
22Кога сум со сиромаси и јас живеам како нив, па и нив да ги доведам кај Христос. Кон сите се сообразив, сите начини ги применив за да спасам некои од нив.
23Сето тоа го правам за да се шири Радосната вест, па и јас да уживам во благословите што таа ги носи.
24Знаете дека на трката трчаат сите натпреварувачи, но само еден ја добива наградата. И вие треба да трчате со цел да победите!
25Секој атлетичар се одрекува од многу нешта, за да добие награда што нема долго да вреди, а нашата награда вечно ќе вреди.
26Јас не трчам кон нешто неизвесно, не удирам во празно,
27туку го вежбам моето тело на издржливост и го обуздувам, за да не се случи, додека им проповедам на другите, самиот да испаднам од трката.
Селектирано:
1 Коринтјаните 9: MNT
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
Copyright © Dynamic Equivalence Translation of the New Testament in Macedonian 1999 by HBC Radosna Vest, Skopje, Macedonia. All rights reserved.

: