1 Тимотеј 3
3
1Точно е дека кога некој сака да биде водач на црква, посакува многу возвишена работа.
2Затоа, за да биде човек водач на црква мора да биде без пороци, да и биде верен на својата сопруга, да биде воздржан, разумен, со добар углед, гостољубив и способен да поучува.
3Не смее да се опива, ниту да врши насилства. Треба да биде трпелив, да не е склон кон расправии и да не биде алчен за пари.
4Треба да биде добар домаќин, а неговите деца треба да го слушаат и да го почитуваат.
5Ако тој не умее да го води сопственото домаќинство, како тогаш ќе се грижи за Божјата црква!?
6Тој не смее да биде новообратен, за да не стане горделив и да ја направи истата грешка што ја направи и Ѓаволот.
7Тој треба да ужива добар углед и кај луѓето што не и припаѓаат на црквата. Во спротивно, тој може да падне во стапицата на Ѓаволот и да се посрамоти.
8Истото важи и за ѓаконите во црквата. Тие мора да бидат сериозни и чесни луѓе, да не лажат, да не се опиваат и да не бидат алчни за пари.
9Мора да имаат чиста совест и цврсто да се држат до начелата на христијанската вера кои сега ни се откриени.
10Пред да бидат назначени за ѓакони, тие треба да се докажат како луѓе без пороци.
11Исто така и нивните жени треба да бидат сериозни. Не треба да се занимаваат со озборување, не треба да бидат избувливи, туку треба да бидат верни во секој поглед.
12Секој ѓакон треба да и биде верен на својата сопруга, добро да си ги воспитува децата и добро да го води сопственото домаќинство.
13Тие што добро ги извршуваат ѓаконските должности во црквата треба да бидат наградени со почит и доверба како верни следбеници на Исус Христос.
14Се надевам дека набрзо ќе те посетам, но сепак ти го пишувам ова
15за, ако се забавам, да знаеш како треба да се однесува секој што му припаѓа на Божјото семејство, а тоа е Црквата на Живиот Бог, столбот и темелот на вистината.
16Без сомнение, тајната на вистинската вера во Бог е величествена: Христос дојде во човечко тело. Светиот Дух потврди дека Тој ја исполни Божјата волја. Ангелите Го видоа. За Него им беше проповедано на народите. Луѓето поверуваа во Него. Тој славно се вознесе на небото.
Селектирано:
1 Тимотеј 3: MNT
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
Copyright © Dynamic Equivalence Translation of the New Testament in Macedonian 1999 by HBC Radosna Vest, Skopje, Macedonia. All rights reserved.

: