2 Коринтјаните 11
11
1Се надевам дека ќе ме истрпите, дури и ако не зборувам мошне мудро. Ве молам, истрпете ме!
2Љубоморен сум на вас, онака како што е љубоморен и Бог! Ве ?свршив‘ за еден Свршеник, за Христос, за да ве доведам кај Него чисти како девица,
3но се плашам вашите умови да не бидат заведени и да не отстапите од вашата целосна и чиста посветеност на Христос. Се плашам да не бидете измамени онака како што змијата со итрина ја измами Ева.
4Ние ви проповедаме за Исус, и вие го примивте Светиот Дух и ја прифативте Радосната вест. Но сега дозволувате да ви проповедаат за некаков друг Исус, за примање на некаков друг дух и за прифаќање на некаква друга порака!
5Јас не се сметам за помалку вреден од тие ?супер апостоли‘.
6Ако и не сум толку вешт говорник, моето знаење не е ништо помало од нивното. Тоа на сите полиња ви го докажавме, и тоа јавно, пред сите.
7Згрешив ли што бесплатно ви ја проповедав Радосната вест, понижувајќи се себеси за вас да ве издигнам?
8Додека работев кај вас, добивав издршка од другите цркви. Живеев на нивни товар, за да ви служам вам.
9Никого од вас не обременував кога запаѓав во скудност. За моите потреби се погрижија браќата од Македонија. Внимавав, а и понатаму ќе внимавам, никому од вам да не му бидам на товар.
10Како што цврсто ја имам вистината за Христос во себе, така цврсто ви велам дека никој не ќе може да ме спречи со гордост да зборувам за ова по цела Ахаја!
11Зошто го велам ова? Зар затоа што не ве сакам? Бог знае дека искрено ве сакам.
12Ќе продолжам и во иднина да работам онака како што работев и досега, за да не им дадам можност на тие други ?апостоли‘ да се изедначуваат со нас и да се фалат дека се исти како нас.
13Тие се лажни апостоли! Се служат со измами и се преправаат во апостоли на Христос.
14Немојте да се чудите на ова! И самиот Сатана може да се преправа во ангел на светлината!
15Тогаш не е необично ако и неговите слуги се преправаат во службеници на праведноста. Но на крајот тие ќе си ја добијат казната што ја заслужиле со своите зли постапки.
16Ќе повторам: не би сакал никој од вас да смета дека сум неразумен! Но ако е веќе така, ислушајте ме како неразумен, па барем да можам малку сам себеси да се пофалам!
17Самофалбата е нешто што Господ не го сака и затоа се чувствувам неразумно.
18Но кога веќе толку многу луѓе се фалат со своите човечки достигања, ќе се пофалам и јас.
19Впрочем, иако вие се сметате за мудри, со задоволство ги слушате неразумните!
20Не ви пречи кога некој ве третира како робови, ве искористува, ве ограбува, ве понижува и ви удира шлаканици!
21Се срамам што ние за вакви работи се покажавме неспособни! Знам дека е неразумно ова што ќе го кажам, но ако некој има смелост така да се фали, имам смелост и јас.
22Тие биле Евреи! Па и јас сум! Биле Израелци! Па и јас сум! Биле потомци на Авраам! Па и јас сум!
23Му служеле на Христос! Глупаво е што самиот за себе вака зборувам, но јас многу повеќе Му служам на Христос, многу повеќе работам, поради што многу почесто ме затвораат, ме тепаат и ми се закануваат со смрт!
24Петпати сум камшикуван од Евреите, по триесет и девет удари со камшик!
25Трипати сум тепан со стапови, еднаш сум каменуван, трипати сум преживеал бродоломи, цел ден и цела ноќ сум поминал во вода, на отворено море.
26Често патував, и бев изложен на опасности од надојдени реки и од разбојници. Изложен сум на опасности и од моите сонародници, Евреите, и од паганите. Изложен сум на опасности и во град и во дивина, и на море. Изложен сум на опасности од лажни пријатели.
27Работам, се мачам, минувам бессони ноќи, гладен, жеден, постам, ѕемнам без доволно облека.
28И покрај се што ме притиска, јас секојдневно се грижам за сите цркви.
29Се случило ли некој да го фати слабост, а јас да не сочувствувам со него? Се случило ли некој да застрани, а јас да не согорувам?
30Ако веќе морам да се фалам, ќе се фалам со она што ја покажува мојата немоќ.
31Бог, Таткото на Господ Исус, Кому Му припаѓа вечна слава, знае дека не лажам.
32Кога бев во Дамаск, управникот на царот Арета постави стража до градските порти за да ме уапси.
33Луѓето ме префрлија преку ѕидините во кош, преку еден прозорец, и така му побегнав.
Селектирано:
2 Коринтјаните 11: MNT
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
Copyright © Dynamic Equivalence Translation of the New Testament in Macedonian 1999 by HBC Radosna Vest, Skopje, Macedonia. All rights reserved.

: