Ефесјаните 6
6
1Деца, бидете им послушни на своите родители бидејќи вие Му припаѓате на Господ. Тоа е примерно поведение.
2Првата од Десетте заповеди што содржи и ветување гласи: „Почитувај ги своите татко и мајка.“
3А ветувањето е: „за да ви биде добро и долго да поживеете на Земјата.“
4Татковци, немојте да предизвикувате лутина кај вашите деца. Одгледувајте ги и воспитувајте ги во Господовото учење.
5Робови, бидете им послушни на вашите земни господари, со страхопочит, искрено, од се срце, како да Му служите на Христос.
6Работете чесно, не само кога ве гледаат, и не за да ја добиете нивната наклоност, туку како робови на Христос кои од се срце ја исполнуваат Божјата волја.
7Ревносно исполнувајте ги вашите должности, правејќи го тоа како за Господ, а не како за луѓето,
8зашто знаете дека секој што прави добро, било да е роб или слободен, ќе биде награден од Господ.
9Истото важи и за вас, господари. Однесувајте се спрема вашите робови според истите принципи и немојте да им се заканувате, зашто знаете дека и тие и вие имате еден ист Господ на небото, кај Кого нема пристрасност!
10На крајот ви порачувам да црпите сила од Господ и од Неговата огромна моќ.
11Облечете го целосно Божјиот оклоп, за да можете да ги издржите подмолните напади на Ѓаволот.
12Ние не се бориме против луѓето од крв и месо, туку против злите владетели и власти на невидливиот свет, против мрачните духовни сили што владеат со овој свет и против злите духови во небесните простори.
13Затоа целосно облечете го Божјиот оклоп. Така ќе можете да издржите во зло време, па откако борбата ќе заврши, ќе останете цврсто исправени.
14Бидете непоколебливи, препашани со појасот на вистината, облечени со штитникот на праведноста,
15обуени и подготвени непоколебливо да чекорите, носејќи ја Радосната вест што донесува мир.
16Со сето ова, понесете го штитот на верата, со кој ќе можете да ги сопрете и угасите сите огнени стрели на Злиот.
17Ставете го спасението како шлем и земете го мечот на Светиот Дух, а тоа е Божјото Слово.
18Постојано молете се и барајте, онака како што ве води Светиот Дух. Бидете будни и истрајно молете се за сите христијани.
19Молете се и за мене, кога ќе отворам уста, Бог да ми даде зборови смело да проповедам за тајната на Радосната вест,
20иако сега сум во окови токму поради тоа што, како Божји пратеник ја проповедам Радосната вест. Молете се да продолжам смело да зборувам, како што и треба.
21Тихик, мојот драг брат по вера и верен помошник во работата за Господ, ќе ви каже како сум и што правам.
22Токму заради тоа го испраќам кај вас, за да ви каже што правиме ние и да ве охрабри.
23На сите христијани таму им посакувам мир и љубов со вера што доаѓа од Бог Таткото и од Господ Исус Христос.
24Бог нека им биде благонаклонет на сите што Го сакаат нашиот Господ Исус Христос со љубов што не гасне.
Селектирано:
Ефесјаните 6: MNT
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
Copyright © Dynamic Equivalence Translation of the New Testament in Macedonian 1999 by HBC Radosna Vest, Skopje, Macedonia. All rights reserved.

: