Евреите 13
13
1Одржувајте го братољубието меѓу вас.
2Не пропуштајте да бидете гостољубиви, зашто некои луѓе така имаат угостено ангели, без да го знаат тоа.
3Сеќавајте се на затворените, како да сте со нив во окови, не заборавајте ги страдалниците, како да сте и вие дел од нивното тело.
4Бракот треба да се почитува од сите. Мажот и жената да ја чуваат својата интимност без неверства, зашто на блудниците и прељубниците ќе им суди Бог!
5Во вашите постапки не бидете алчни за пари. Бидете задоволни со тоа што го имате. Господ ни ветува: „Нема да ве оставам, нема да ве напуштам!“
6Затоа храбро можеме да кажеме: „Јас не страхувам, зашто Господ е со мене; што може да ми направи човекот?“ Повик на следење добар пример
7Помнете ги вашите старешини кои први ви ја проповедаа Божјата порака. Видете го резултатот од нивниот начин на живеење и земете ја за пример нивната вера!
8Исус Христос не се менува: Тој е истиот, вчера, денес и засекогаш!
9Не дозволувајте да ве заведат со некои чудни учења. Внатрешната сила се добива преку Божјата дарежлива благонаклоност, а не преку држење обичаи за храна; оние што се држеа до овие обичаи, немаа никаква полза од тоа.
10А ние имаме жртвеник од кој дури ни свештениците што служат во Храмот немаат право да јадат!
11Првосвештеникот ја внесува крвта од жртвуваните животни во Најсветото место на Храмот, како принос за гревовите. Но телата на животните се палат надвор од Храмот.
12Затоа и Исус беше погубен надвор од градските порти, за да го исчисти Својот народ од гревови, преку Својата пролеана крв.
13Така ние сега треба „да излеземе од тој Храм“ и да пристапиме кон Исус, станувајќи така соучесници во срамот на којшто Тој беше изложен.
14Зашто ние овде на Земјава немаме град во кој вечно ќе живееме, туку го очекуваме во иднина.
15Нашата постојана жртва е, со помошта на Исус, да Му принесуваме слава на Бог со своите усни, кои ќе Го величаат и прославуваат Неговото име.
16Не заборавајте да им помагате на другите и да ги делите своите добра со нив, зашто и тоа се богоугодни жртви.
17Слушајте ги вашите духовни водачи и потчинувајте им се. Тие бдеат над вашите души и за тоа се одговорни пред Бог. Овозможете им тоа да го прават со радост, а не со воздишки, зашто тоа нема да биде во ваш интерес.
18Молете се за нас! Ние сме уверени дека имаме чиста совест, бидејќи секогаш се трудиме во се да се однесуваме како што прилега.
19Посебно сакам да се молите наскоро да можам повторно да ве посетам.
20Бог е извор на мирот и Тој го воскресна од мртвите нашиот Господ Исус Христос. Исус е сега најголемиот Пастир, со чијашто крв се склучи вечниот Завет во полза на Неговото стадо.
21Се молам Бог да ве оспособи за секакво добро дело, за да можете да ја извршувате Неговата волја. Бог нека го изврши во нас она што Му е угодно, преку Исус Христос, Кому што Му припаѓа вечна слава! Амин.
22Ве молам, браќа, внимателно да го ислушате ова кратко писмо што ви го напишав со цел да ве охрабрам.
23Ве известувам дека нашиот брат Тимотеј го пуштија од затвор! Ако тој пристигне навреме, заедно ќе ве посетиме.
24Поздравете ги сите ваши духовни водачи и сите Божји луѓе. И христијаните од Италија ви испраќаат поздрави.
25Бог нека биде милостиво благонаклонет спрема сите вас!
Селектирано:
Евреите 13: MNT
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
Copyright © Dynamic Equivalence Translation of the New Testament in Macedonian 1999 by HBC Radosna Vest, Skopje, Macedonia. All rights reserved.

: