Евреите 8
8
1Најважното во ова излагање е дека нашиот Првосвештеник седи на најпочесното место на небото, од десната страна на Бог.
2Таму Тој служи во Најсветото место, во вистинското светилиште изградено од Господ, а не од човечка рака.
3Бидејќи секој свештеник треба да принесува дарови и жртви, така и нашиот Првосвештеник мора да има нешто да принесе.
4Да беше Тој на Земјата немаше ни да биде свештеник, зашто овде има други свештеници кои принесуваат дарови, какви што бара Мојсеевиот Закон.
5Но светилиштето во кое тие служат е само копија и сенка на она вистинското, кое е на небото. Кога Мојсеј се подготвуваше да го изгради светилиштето, Бог го предупреди: „Внимавај да го направиш точно според моделот што ти беше покажан овде на гората!“
6А на нашиот Првосвештеник, Христос, Му беше доверена многу повозвишена служба од службата на оние што служат под старите закони, затоа што Тој гарантира за нас подобар завет со Бог, кој почива врз повозвишени ветувања.
7Ако првиот завет беше беспрекорен, немаше да има потреба да биде заменет со втор завет.
8Бог лично не беше задоволен од народот, па рече: „Ќе дојде ден кога со израелскиот и со јудејскиот народ ќе склучам нов завет,
9поинаков од заветот што го бев склучил со нивните предци, кога водејќи ги за рака ги изведов од Египет. Тие го прекршија Мојот завет, па затоа и Јас им го свртев грбот.
10Ова е новиот завет што јас ќе го склучам со израелскиот народ во тој ден: Јас, Господ, ќе ги ставам Моите закони во нивните умови и ќе ги запишам во нивните срца. Јас ќе бидам нивни Бог, а тие ќе бидат Мој народ.
11Никој од нив повеќе не ќе треба да го учи соседот свој или братот свој, велејќи му: ,Треба да Го запознаеш Господ‘, зашто сите ќе Ме познаваат, од мало до големо.
12Ќе им ги простам нивните престапи и никогаш повеќе нема да ги спомнувам нивните гревови!“
13Кога Господ зборува за Нов завет, тоа значи дека претходниот го прогласува за застарен. А се што е застарено и бескорисно набргу ќе исчезне!
Селектирано:
Евреите 8: MNT
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
Copyright © Dynamic Equivalence Translation of the New Testament in Macedonian 1999 by HBC Radosna Vest, Skopje, Macedonia. All rights reserved.

: