Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јаков 1

1
1Од Јаков, служител на Бог и на нашиот Господ Исус Христос. Поздрав до дванаесетте племиња, распрснати низ целиот свет.
2Радувајте се, христијани, кога минувате низ разни искушенија,
3зашто знаете дека колку повеќе вашата вера се проверува, толку поистрајни станувате.
4Морате да научите се да издржите, за да станете зрели, целосни и ништо да не ви недостасува.
5Ако на некој од вас му недостасува мудрост, нека бара од Бог и Тој ќе му даде. Бог е дарежлив спрема сите и не се лути кога бараме нешто од Него.
6Но, кога барате, треба да барате со вера, без да се сомневате. Оној што се сомнева е како морски бран што ветрот го носи и го разбива.
7Таквиот човек нека не очекува дека ќе добие нешто од Господ,
8бидејќи е нерешителен и непостојан во се.
9Христијаните што се сиромашни треба да се гордеат со својот возвишен позив,
10а богатите - со понизност. Богатите ќе прецветаат како дивите цветови.
11Ќе огрее жешкото сонце, ќе ја исуши тревата, па дивите цветови ќе се исушат и сета нивна убавина ќе исчезне. Така е и со богатите. Ќе овенат презафатени со она што го работат.
12Благословен е оној човек, што и покрај искушенијата низ кои минува, останува верен. Откако ќе го помине испитот, Бог ќе го награди со вечен живот, како што им вети на сите што Го сакаат.
13Никој, кога е во искушение да направи нешто грешно, нека не вели: „Бог ме искушува со грев!“ Ниту Бог Себеси се проверува со грев, ниту пак вас ве проверува со грев.
14Секој паѓа во искушение тогаш кога ќе го намамат и ќе го фатат во стапица неговите сопствени, необуздани страсти.
15Кога необузданата страст ќе се зачне, таа раѓа грев, а растењето на гревот доведува до смрт.
16Мили мои, не дозволувајте да бидете измамени.
17Секој добар и совршен дар доаѓа од небото, од Бог, од Оној што ги создал небесните светила. Но за разлика од нив, Тој никогаш не се менува, кај Него нема сенка која би била резултат на поместување!
18Тој сакаше ние да бидеме првнина меѓу сите Негови созданија и затоа ни ја испрати вистинската порака, за да ни даде ново раѓање.
19Драги мои пријатели: повеќе слушајте, а помалку зборувајте и воздржувајте се од гневење.
20Гневот не води кон правичност каква што Бог очекува од нас.
21Затоа отфрлете ја сета нечистотија и сето зло што е во вас, па понизно прифатете ја пораката што Бог ја насади во вашите срца и што може да ве спаси.
22Немојте само да слушате и со тоа да се залажувате. Исполнувајте го тоа што ќе го чуете!
23Тој што слуша, а не исполнува, е како човек што ќе се погледне во огледало,
24и ќе си замине, заборавајќи како изгледа!
25Само оној што ќе се задлабочи во совршениот Закон, Законот што ослободува, и секогаш ќе се придржува до него, не заборавајќи го она што го слушнал, туку исполнувајќи го, ќе биде благословен од Бог во се што работи.
26Ако се сметаш за побожен, а не го обуздуваш својот јазик, ти само се залажуваш - твојата побожност е безвредна!
27Побожност што Бог, нашиот Татко, ја прифаќа како чиста и непорочна е оваа: Да се грижиш за сирачињата и вдовиците што се во невола и да се одржиш неизвалкан од овој свет.

Селектирано:

Јаков 1: MNT

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се