Римјаните 15
15
1Ние што имаме посилна вера треба да ја поднесуваме слабоста на оние со послаба вера, а не да си угодуваме самите на себе.
2Секој од нас треба да им угодува на христијаните што се околу него, за нивно добро, за да ги изградува.
3Ни Христос не си угодуваше Себеси, туку, како што е напишано: „Навредите што беа наменети за Тебе, паднаа врз Мене.“
4Се што во минатото е напишано во Светото Писмо, напишано е за ние да се поучиме, да оцврснеме, да се охрабриме и да не губиме надеж.
5А Бог, Кој е изворот на нашата стрпливост и утеха, нека ви даде слога меѓу вас и секој да го следи примерот на Исус Христос,
6па сите заедно и сложно да Го прославувате Бога, Таткото на нашиот Господ Исус Христос.
7Прифаќајте се еден со друг, како што Христос ве прифати вас. Со тоа Бог ќе биде прославен.
8Сакам да знаете дека Христос им стана слуга на Евреите за да го исполни ветувањето што Бог им го беше дал на нивните предци,
9а исто така и сите други народи да Го прославуваат Бога заради Неговата милост, како што е напишано во Светото Писмо: „Затоа ќе Ти донесам слава меѓу нееврејските народи, ќе Му пеам славопои на Твоето име!“
10И на друго место вели: „Радувајте се и вие што не сте Евреи, заедно со Божјиот народ, Евреите!“
11И повторно: „Славете Го Господа сите народи, Него нека Го слават сите луѓе!“
12А Исаија вели: „Ќе се појави потомок на Давид, ќе им стане владетел на нееврејските народи, кои својата надеж во Него ќе ја положат!“
13Сега Бог, изворот на надежта, нека ве исполни со радост и со мир заради вашата вера во Христос, а вашата надеж нека продолжи силно да расте и да се поткрепува од силата на Светиот Дух.
14Уверен сум, драги пријатели христијани, дека вие сте полни со добрина, дека имате солидно знаење и дека сте способни еден со друг да се поучувате.
15Сепак, си зедов слобода да ви пишам за некои работи, за да ве потсетам. Бог ми беше благонаклонет и
16ме зеде во служба на Исус Христос меѓу нееврејските народи, за да извршувам една света задача: ширење на Божјата Радосна вест. На тој начин Светиот Дух ќе може да направи од нееврејските народи принос што ќе биде свет и прифатлив за Бог.
17Сега, кога сум во служба на Исус Христос, се гордеам со тоа што го работам за Бог.
18Се осмелувам да зборувам само за она што Христос го изврши преку мене, за тоа како ме испрати да проповедам со зборови и со дела, за да се обратат и оние што не се Евреи.
19Зборувам за тоа како Христос правеше чуда и им даваше чудотворни знаци на луѓето со силата на Светиот Дух. Им ја проповедам во целост Радосната вест за Христос, почнувајќи од Ерусалим, па се до Илирија.
20Мојата цел е да ја проповедам Радосната вест онаму каде што се уште не слушнале за Христос, зашто не сакам да градам врз туѓ темел.
21Напротив, сакам да правам онака како што е напишано во Светото Писмо: „Ќе им се отворат очите на народите на кои не им беше кажувано за Господ, ќе разберат оние што за Него не беа чуле.“
22Мојата желба да ве посетам и вас, во Рим, беше многупати одложувана токму поради тоа што проповедав по таквите земји.
23Сега, меѓутоа, за мене повеќе нема поле за работа во овие краишта. Бидејќи веќе повеќе години имам желба да дојдам кај вас, во Рим,
24ќе ве посетам кога ќе одам за Шпанија. Се надевам дека на поминување ќе се видам со вас и дека вие, откако барем малку ќе ви се изнарадувам, ќе ме испратите понатаму.
25Но, пред да дојдам, прво ќе заминам за Ерусалим, за да им ги однесам доброволните прилози собрани за тамошните христијани.
26Христијаните од Македонија и Ахаја собраа доброволни прилози за сиромашните христијани во Ерусалим.
27Го сторија тоа од се срце. Се чувствуваа должни спрема нив. Сметаа дека, ако Евреите ги поделија духовните богатства со другите народи, ред е и тие да им помогнат со материјални добра.
28Кога ќе ја завршам оваа работа и ќе им ги предадам собраните прилози, ќе ве посетам, а потоа ќе заминам за Шпанија.
29Знам дека моето доаѓање кај вас ќе биде со целосен благослов од страна на Христос.
30Драги пријатели христијани, во името на нашиот Господ Исус Христос и заради љубовта што Светиот Дух ви ја дава, ве молам да ми се придружите во борбата што ја водам со тоа што ќе Му се молите на Бог за мене.
31Молете се Бог да ме заштити од оние луѓе во Јудеја што одбиваат да Му се покорат на Бог, а и за тоа христијаните во Ерусалим да го прифатат прилогот што им го носам.
32Така, исполнет со радост, да дојдам кај вас и, ако е Божја волја, меѓусебно да се освежиме.
33Дотогаш Бог, Кој е извор на мир, нека биде со сите вас. Амин.
Селектирано:
Римјаните 15: MNT
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
Copyright © Dynamic Equivalence Translation of the New Testament in Macedonian 1999 by HBC Radosna Vest, Skopje, Macedonia. All rights reserved.

: