Лука 19
19
Исус и Закхеј
1 #
Мк 10,46
Потоа Исус влезе во Ерихон и минуваше низ него. 2#Мт 5,46И ете, еден човек по име Закхеј, кој беше началник на даночниците и беше богат, 3#9,9настојуваше да види Кој е Тој Исус, но не можеше од народот, зашто беше низок по раст. 4Затоа потрча напред и се качи на една дива смоква за да Го види, бидејќи Тој требаше да помине покрај неа. 5И кога Исус дојде на тоа место, погледна нагоре, го виде и му рече: „Закхеј, слези побргу, зашто денес треба да бидам во твојот дом.“ 6И тој веднаш слезе и Го прими со радост. 7#15,2; 2 Мојс 15,24; 16,2; Мт 20,11; 1 Кор 10,10И сите што го видоа тоа, негодуваа и рекоа: „Отиде на гости кај грешен човек.“ 8#2 Мојс 22,1; 3 Мојс 6,2-5; 4 Мојс 5,6-7; 2 Цар 12,6; Изреки 6,31А Закхеј застана и Му рече на Господ: „Господи, еве половината од својот имот ќе ја дадам на сиромаси; и ако некого сум оштетил, четворно ќе вратам.“ 9#2,11; 3,8; Дела 16,31.34; Рим 4,16; Гал 3,7.29А Исус му рече: „Денес дојде спасението за овој дом, зашто и тој е син на Авраам. 10#15,6.9.24.32; Ез 34,16 Зашто Синот Човечки дојде да го побара и да го спаси она што е загубено.“
Парабола за доверените златници
(Мт 25,14-30)
11 #
2,38; 9,27.51; 18,31 А на оние што го слушаа ова, им кажа и една парабола, бидејќи Тој беше близу до Ерусалим и тие мислеа дека веднаш ќе се појави царството Божјо, 12#Мк 13,34па рече: „Еден благородник заминуваше во далечна земја да прими царска власт за себе и потоа да се врати. 13Тогаш повика десетмина од своите слуги, им даде десет мини и им рече: ’Тргувајте со нив, додека да се вратам!‘ 14#Пс 2,2; Јн 19,15.21Но граѓаните го мразеа и испратија по него свои претставници, да кажат: ’Не сакаме тој да царува над нас.‘ 15А кога се врати, по примањето на царската власт, нареди да ги повикаат оние слуги на кои им ги беше дал парите, за да види кој колку спечалил. 16Дојде првиот и му рече: ’Господаре, твојата мина заработи десет мини.‘ 17#16,10И господарот му рече: ’Убаво, добар слуго; бидејќи во мала работа беше верен, еве ти власт над десет градови.‘ 18Дојде и вториот и рече: ’Господаре, твојата мина заработи пет мини.‘ 19А тој и нему му рече: ’И ти биди над пет градови.‘ 20Дојде и друг, велејќи: ’Господаре, еве ти ја твојата мина, што ја чував заврзана в крпа, 21зашто се плашев од тебе, бидејќи си строг човек: земаш од каде што не си оставил и жнееш каде што не си сеел.‘ 22А тој му рече: ’Со твојата уста ќе ти судам, лукав слуго; ти знаеш дека сум строг човек: земам од каде што не сум оставил и жнеам каде што не сум сеел; 23тогаш, зошто не ги даде моите пари кај трговците со пари, та кога ќе се вратам, да си ги соберам со добивка?‘ 24#20,16Па им рече на присутните: ’Земете ја од него мината и дајте му ја на оној што има десет мини!‘ 25И му рекоа: ’Господаре, тој има десет мини!‘ 26#Мт 13,12; Мк 4,25Ви велам дека секому што има ќе му се даде; а од оној што нема, ќе се одземе и она што го има. 27#Пс 2,9А оние мои непријатели, што не сакаат да царувам над нив, доведете ги тука и погубете ги пред мене!“
Исусовото свечено влегување во Ерусалим
(Мт 21,1-11; Мк 11,1; Јн 12,12-19)
28 #
9,51; 13,22 Па откако го рече тоа, Тој тргна напред, искачувајќи се кон Ерусалим. 29#Мт 21,17И кога се приближи до Витфагија и Витанија, до гората наречена Маслинова, испрати двајца од Своите ученици, 30велејќи: „Одете во селоно отспротива. Штом ќе влезете во него, ќе најдете едно врзано прле, кое ниеден човек не го јавал. Одврзете го и доведете го! 31И ако ве праша некој: ’Зошто го одврзувате?‘ Кажете му вака: ’Тоа Му е потребно на Господ.‘“ 32#22,13Кога отидоа испратените, најдоа како што им беше рекол. 33И кога го одврзуваа прлето, стопаните негови им рекоа: „Зошто го одврзувате прлето?“ 34#7,13Тие одговорија: „Потребно Му е на Господ.“ 35#Зах 9,9-10И го доведоа кај Исус, па штом ги нафрлија своите алишта на прлето, Го качија Исус. 36#4 Цар 9,13И додека Тој минуваше, ги постилаа своите облеки по патот. 37#2,20; 3 Цар 1,38.40А кога веќе наближи до подножјето од Маслиновата Гора#19,37 Елеонска Гора, целото мноштво ученици, радувајќи се, почна велегласно да Го прославува Бога за сите велики дела што ги видоа, 38#2,14; Пс 117,26; 147,1велејќи: „Благословен е Царот што доаѓа во името Господово! Мир на небото и слава во висините!“ 39#Мт 21,15-16А некои фарисеи од толпата Му рекоа: „Учителе, укори ги Твоите ученици!“ 40#Авак 2,11Но Тој им одговори и рече: „Ви велам, ако тие замолкнат, камењата ќе повикаат.“
Исус плаче за Ерусалим
41 #
Јн 11,35
А кога се приближи и го виде градот, заплака за него 42#8,10; 13,34-35; 5 Мојс 32,29; Ис 6,9-10; Мт 13,14; Рим 11,8-10и рече: „Кога би можел во овој твој ден и ти да го дознаеш она што е потребно за твојот мир! Но тоа сега е сокриено од твоите очи. 43#21,20-24; Ер 6,6; Ез 4,2Зашто ќе дојдат денови за тебе кога твоите непријатели ќе те опкружат со ровови, и ќе те опколат и ќе те притеснат од сите страни; 44#1,68; 12,54-56; 21,6; 23,28-31; Пс 136,9; Мт 24,2; 1 Птр 2,12и ќе те срамнат со земја, и тебе и твоите чеда во тебе и нема да остават камен на камен од тебе, зашто не си го позна времето кога беше посетен.“
Исус во храмот
(Мт 21,12-17; Мк 11,15-19; Јн 2,13-22)
45И кога влезе во храмот, почна да ги гони оние што продаваа и купуваа во него, 46#3 Цар 8,30-40; Ис 56,7; Ер 7,11велејќи им: „Напишано е: ’Домот Мој е дом за молитва, а вие го направивте разбојничка пештера.‘“ 47#6,11; 21,37; Мт 12,14; 26,55; Јн 5,18; 18,20И поучуваше секој ден во храмот. А првосвештениците, книжниците и старешините на народот, настојуваа да Го погубат, 48#20,19; 21,38но не најдоа како да Му го направат тоа, зашто целиот народ се приврзуваше за Него и Го слушаше.
Селектирано:
Лука 19: MAK2023
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023

: