Лука 8
8
Жените – Исусови следбенички
1 #
Мт 4,23; 10,2; Мк 1,14-15 Потоа Тој минуваше по градовите и селата, проповедајќи и благовестејќи го царството Божјо; а со Него беа дванаесеттемина, 2#23,49; 24,10; Мт 27,56; Јн 19,25и некои жени што беа излекувани од зли духови и болести: Марија, наречена Магдалина, од која беа излегле седум демони; 3и Јоана, жената на Хуза, настојникот на Ирод, и Сузана и многу други, кои им служеа со своите имоти.
Парабола за сејачот
(Мт 13,1-9; Мк 4,1-9)
4А бидејќи се насобра многу народ, и жителите од секој град доаѓаа кај Него, Тој им рече во парабола: 5„Излезе сејач да сее семе. Додека сееше, едно падна покрај пат и беше изгазено, и небесните птици го исколваа; 6а друго падна на камен, па штом никна, се исуши, зашто немаше влага; 7#Ер 4,3едно, пак, падна меѓу трње; и израсна трњето, па го задуши; 8#Мт 11,15а друго падна на добра земја и кога изникна, донесе стократен плод.“ Откако го рече ова, извика: „Кој има уши да слуша, нека чуе!“
Зошто служат параболите
(Мт 13,10-17; Мк 4,10-12)
9А Неговите ученици Го прашаа, велејќи: „Што значи оваа парабола?“ 10#Ис 6,9-10; Мт 3,2; Јн 12,40; Дела 28,26Тој рече: „Вам ви е дадено да ги знаете тајните на царството Божјо, а на останатите ќе им се зборува со параболи, та гледајќи, да не видат и слушајќи, да не разберат!
Исус ја објаснува параболата за сејачот
(Мт 13,18-23; Мк 4,13-20)
11 #
1 Сол 2,13; 1 Птр 1,23 А оваа парабола значи: семето е словото Божјо. 12#1 Кор 1,21Она што падна покрај патот, тоа се оние кои слушаат, но потоа доаѓа ѓаволот и им го зема словото од нивните срца, за да не поверуваат и да не се спасат; 13а она на камен – тоа се оние кои, кога ќе го чујат словото, со радост го примаат; но немаат корен и веруваат некое време, а во време на искушенијата, тие отпаѓаат; 14#21,34тоа, пак, што падна меѓу трње, се оние што слушаат, но откако ќе заминат, се гушат од грижите, богатствата и насладите од овој живот и не донесуваат зрел плод; 15#21,19; Рим 2,7; 5,3-4; 2 Кор 6,4а тоа што падна на добра земја, се тие што го слушаат словото и го чуваат во добро и чисто срце, и донесуваат плод во трпение. Кој има уши да слуша, нека чуе!“
Парабола за светлината
(Мт 5,14-16)
16 #
11,33; Мт 5,15; Јн 8,12 „Никој не го поклопува со сад светилото што го запалил, ниту го става под легло, туку го става на светилник, за да ја видат светлината оние што влегуваат. 17#12,2; Мт 10,26; 1 Кор 4,5; Ефес 5,13Зашто нема тајно што не ќе стане јавно, ниту, пак, сокриено што не ќе се разбере и не ќе излезе на виделина. 18#19,26; Мт 13,12; 25,29Па затоа: пазете како слушате; зашто, кој има, ќе му се даде; а кој нема, ќе му се одземе и она што мисли дека го има.“
Вистинското семејство на Исус
(Мт 12,46-50; Мк 3,31-35)
19Дојдоа кај Него мајка Му и Неговите браќа и не можеа да Му пристапат поради народот. 20И Го известија, велејќи: „Мајка Ти и Твоите браќа стојат надвор и сакаат да Те видат.“ 21#11,27-28А Тој им одговори и рече: „Моја мајка и Мои браќа се оние што го слушаат словото Божјо и го исполнуваат.“
Смирување на бурата
(Мт 8,23-27; Мк 4,35-41)
22Еден ден Тој влезе во кораб со Своите ученици и им рече: „Да минеме на другата страна од езерото!“ И појдоа. 23Додека пловеа, Тој заспа. А над езерото се спушти ветровита бура, водата навлегуваше и тие беа во опасност. 24#5,5; 8,45И Му пристапија и Го разбудија, говорејќи: „Учителе, Учителе, загинуваме!“ А Тој, штом се разбуди, им заповеда на ветрот и на водните бранови; и тие се смирија и настана тишина. 25#1,12.63И им рече: „Каде ви е верата?“ А тие уплашени, се чудеа, велејќи си еден на друг: „Кој е Овој што и на ветровите и на водата им заповеда и тие Му се покоруваат?“
Исцелувањето на човекот измачуван од демони
(Мт 8,28-34; Мк 5,1-20)
26И пристигна во гадаринскиот крај, што е спроти Галилеја. 27А кога излезе на брегот, Го сретна еден човек од градот кој беше обземен од демони, и долго време не облекуваше алишта и не живееше дома, туку во гробовите. 28#4,34.41; Мт 8,29; Мк 3,11Кога Го виде Исус, викајќи падна пред Него и гласно рече: „Што имаш со мене Ти, Исусе, Сине на Севишниот Бог? Те молам, не мачи ме!“ 29#4,1; 11,24; 3 Мојс 16,10; Ис 13,21; Тов 8,3А Исус му беше заповедал на нечистиот дух да излезе од човекот, зашто долго време го мачеше. Го чуваа во вериги и со синџири го врзуваа, но тој ги раскинуваше оковите и демонот го тераше да оди по пусти места. 30А Исус го праша, велејќи: „Како ти е името?“ Тој одговори: „Легион“, зашто многу демони беа влегле во него. 31И Го молеа да не им наредува да одат во бездната. 32А таму имаше големо стадо свињи, кое пасеше по ридот; па Го молеа да им допушти да влезат во нив. И Тој им допушти. 33И откако излегоа демоните од човекот, влегоа во свињите; и стадото јурна низ стрмнината во езерото и се удави. 34Свињарите, кога видоа што се случи, избегаа и раскажаа по градот и селата. 35#10,39; Дела 22,3И излегоа да видат што станало; па кога дојдоа кај Исус, го најдоа човекот, од кого беа излегле демоните, како седи пред Исусовите нозе, облечен и со здрав разум; и се исплашија. 36#Мт 9,22А оние што беа виделе, им раскажаа како беше излечен опседнатиот од демони. 37#1,12; Дела 16,39Сиот народ од гадаринскиот крај Го замоли да си оди од нив; зашто ги беше опфатил голем страв. И Тој влезе во коработ и се врати. 38Човекот, пак, од кого беа излегле демоните, Го молеше да биде со Него; но Исус го отпушти, велејќи: 39„Врати се во својот дом и раскажувај што ти направи Бог!“ Тој си отиде и разгласуваше по целиот град што направи Исус за него.
Чудата со болната жена и со ќерката на Јаир
(Мт 9,18-26; Мк 5,21-43)
40А кога Исус се врати, народот Го пресретна, зашто сите Го очекуваа. 41И ете, дојде еден човек, по име Јаир, кој беше управител на синагогата. Тој падна пред Исусовите нозе и Го молеше да влезе во неговиот дом, 42#7,12; 3 Цар 17,17зашто имаше ќерка единица на околу дванаесет години и таа умираше. А кога Исус одеше, народот се туркаше во Него. 43#3 Мојс 15,25И една жена, која дванаесет години боледуваше од крвотечение и сиот свој имот го беше потрошила по лекари, а ниеден не можел да ја излекува, 44пристапувајќи одзади, се допре до крајот на Неговата облека и наеднаш ѝ престана крвотечението. 45А Исус рече: „Кој се допре до Мене?“ Но бидејќи сите порекнуваа, Петар и оние што беа со Него Му рекоа: „Учителе, народот Те опколил и Те притиска, а прашуваш: ’Кој се допре до Мене?‘“ 46#5,17; 6,19Но Исус рече: „Некој се допре до Мене, зашто почувствував дека од Мене излезе сила.“ 47Жената, штом виде дека не може да се сокрие, со треперење пристапи, па како падна пред Него, Му кажа пред сиот народ зошто се допрела и дека веднаш оздравела. 48#7,50; 17,19; 18,42; Дела 3,16А Тој ѝ рече: „Биди храбра ќерко, твојата вера те спаси; оди си во мир!“ 49Додека Тој уште зборуваше, дојде некој откај старешината на синагогата и Му рече: „Ќерка ти умре; не мачи Го Учителот!“ 50#Мт 8,10Но Исус, штом го слушна тоа, му одговори и рече: „Не плаши се! Само верувај и ќе биде спасена!“ 51#Мт 17,1А кога пристигна во куќата, никому не му дозволи да влезе, освен на Петар, Јован и Јаков и на таткото и мајката на девојката. 52#7,13Сите плачеа и ридаа по неа. Но Тој им рече: „Не плачете, таа не е умрена, туку спие.“ 53И Му се потсмеваа, знаејќи дека е умрена. 54#7,14А Тој, откако сите ги истера надвор, ја фати за рака и извика, велејќи: „Девојко, стани!“ 55#3 Цар 17,21-22И се поврати нејзиниот дух и таа веднаш стана, а Тој заповеда да ѝ дадат да јаде. 56#1,12; Мк 1,34И нејзините родители се запрепастија. А Тој им заповеда никому да не кажуваат за настанот.
Селектирано:
Лука 8: MAK2023
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023

: