Матеј 10
10
Дванаесетте апостоли
(Мк 3,13-19; Лк 6,12-16)
1 #
8,29; Мк 1,34; 3,13.15; 6,7; Лк 9,1 И кога ги повика Своите дванаесет ученици, им даде власт над нечистите духови, да ги изгонуваат и да лекуваат секаква болест и секаква немоќ. 2#4,18.21; Мк 1,16; Лк 9,54; Јн 1,40-42; Дела 1,13.26; Откр 21,14А имињата на дванаесеттемина апостоли се овие: првиот Симон, наречен Петар и брат му Андреј; Јаков Зеведеев и брат му Јован; 3#9,9; Мк 2,14; Јн 1,43-46.48; 6,5.7; 12,21-22; 14,5.8-9; 20,24-28Филип и Вартоломеј; Тома и Матеј, даночникот; Јаков Алфеев и Левиј, наречен Тадеј; 4#26,14; Јн 6,71; 12,4; 13,2.26; 18,2.5Симеон Кананит и Јуда Искариотски, кој и Го предаде.
Мисијата на апостолите
(Мк 6,7-13; Лк 9,1-6)
5 #
Лк 9,52-53; 10,30-37; Јн 4,9.40; 17,3.18; Дела 1,8 Овие дванаесетмина ги испрати Исус и им заповеда, велејќи: „По пат кон незнабошци не одете и во самарјански град не влегувајте; 6#15,24; Ер 50,6а одете најнапред кај загубените овци на Израилевиот дом. 7#3,2И одејќи, проповедајте и кажувајте дека се приближи царството небесно; 8#Ис 55,1; Лк 10,9; Дела 8,20болни лекувајте, мртви воскреснувајте, лепрозни очистувајте, демони изгонувајте! Бесплатно добивте, бесплатно давајте! 9#Мк 6,8; Лк 9,3; 10,4Во вашите појаси не носете ниту злато, ниту сребро, ниту бакар, 10#4 Мојс 18,31; 5 Мојс 24,14-15; Лк 10,7; 1 Кор 9,14; 1 Тим 5,18ниту торба за пат, ниту две облеки, ниту обувки, ниту стап; зашто работникот ја заслужува својата храна! 11#Мк 6,10А штом ќе влезете во некој град или село, распрашајте се кој е во него достоен и таму останете додека не си отидете. 12#Лк 10,5-6И, кога ќе влезете во домот, поздравете го. 13И ако домот биде достоен, вашиот мир ќе дојде на него; а ако не е достоен, тогаш вашиот мир ќе се врати кај вас! 14#Мк 6,11; Лк 9,5; 10,10-11; Дела 13,50-51Ако, пак, некој не ве прими и не ги послуша вашите зборови, излезете од тој дом или од тој град и истресете го правот од вашите нозе! 15#11,23-24; 1 Мојс 18–19; Лк 10,12; 17,29; Рим 9,29; 2 Птр 2,6; Јуда 1,7Вистина ви велам: полесно ќе ѝ биде на содомската и гоморската земја во судниот ден, отколку на тој град!“
За прогонствата
(Мк 13,9-13; Лк 12,11-12; 21,12-17)
16 #
Лк 10,3; Јн 10,12; Дела 20,29 „Ете, Јас ве праќам како овци меѓу волци: бидете мудри како змии и незлобни како гулаби. 17Пазете се од луѓето, зашто ќе ве предадат на судовите и по нивните синагоги ќе ве камшикуваат. 18#24,14; Пс 118,46; Јн 15,27; 16,1-4И ќе ве одведат пред управници и цареви заради Мене, за сведоштво пред нив и пред незнабошците. 19#2 Мојс 4,10-12; Ер 1,6-10; Лк 12,11-12; Дела 4,8.31А кога ќе ве предадат, не грижете се како или што ќе зборувате, зашто во тој час ќе ви биде дадено што да кажете. 20#2 Цар 23,2; Јн 15,26Бидејќи нема да говорите вие, туку Духот на вашиот Отец ќе говори преку вас. 21#Мих 7,6И брат ќе предаде брат на смрт и татко – своето чедо; и ќе се дигнат чеда против своите родители и ќе ги убијат; 22#24,9.13; Јн 15,18.21.25и ќе бидете намразени од сите заради Моето име, но, кој ќе претрпи до крај, тој ќе биде спасен. 23#8,20; 16,28Ако ве бркаат од еден град, бегајте во друг. Зашто, вистина ви велам: нема да ги обиколите Израилевите градови пред да дојде Синот Човечки. 24#Лк 6,40; Јн 13,16; 15,20Ученикот не е поголем од својот учител, ниту слугата е поголем од својот господар. 25#9,34; 12,24.27; 4 Цар 1,2Доволно му е на ученикот да биде како својот учител, а за слугата – како својот господар. Ако домаќинот на домот го нарекле Велзевул, тогаш колку ли повеќе неговите домашни!?“
Не плашете се!
(Лк 12,2-7)
26 #
Мк 4,22; Лк 8,17 „И така, не плашете се од нив; зашто нема ништо сокриено што не ќе се открие, или тајно што нема да се дознае. 27#Лк 12,3-4Тоа што ви го говорам во темнина, кажете го на видело; и она што ви се шепоти, разгласувајте го од покривите! 28#5,29-30; Јк 4,12; 1 Птр 3,14; Откр 2,10И не плашете се од оние што го убиваат телото, а душата не можат да ја убијат; туку плашете се повеќе од Оној што може и душата и телото да ги погуби во пеколот! 29Не се продаваат ли две врапчиња за еден асариј? И ни едно од нив нема да падне на земја без волјата на вашиот Отец. 30#6,26; Лк 12,24; 21,18; Дела 27,34А вам и влакната на главата ви се изброени. 31Но не плашете се: вие повеќе вредите од многу врапчиња.“
Јавно признавање на Исус
(Лк 12,8-9)
32 #
1 Цар 2,30
#
Откр 3,5
„И така, секој што ќе Ме признае Мене пред луѓето, и Јас ќе го признаам него пред Мојот Отец, Кој е на небесата. 33#Мк 8,38; Лк 9,26; 2 Тим 2,12А кој ќе се одрече од Мене пред луѓето, и Јас ќе се одречам од него пред Мојот Отец, Кој е на небесата.“
Не мир, туку меч
(Лк 12,51-53; 14,26-27)
34 #
Лк 2,34; 12,51 „Немојте да мислите дека дојдов да донесам мир на земјата; не дојдов да донесам мир, туку меч. 35#Мих 7,6#Мк 13,12Зашто дојдов да разделам човек од неговиот татко, ќерка од нејзината мајка и снаа од нејзината свекрва. 36И непријатели на човекот ќе му бидат неговите домашни.
Како да се биде достоен за Исус
(Мк 8,34-35; Лк 14,26-27; 9,23-24)
37 #
10,37; 19,19; 22,37-39; 5 Мојс 33,9 Кој љуби татко или мајка повеќе од Мене, не е достоен за Мене; и кој љуби син или ќерка повеќе од Мене, не е достоен за Мене; 38#16,24; Лк 9,23и кој не го земе својот крст и не оди по Мене, не е достоен за Мене. 39#16,25; Лк 9,24; 17,33; Јн 12,25Кој си го чува својот живот, ќе го загуби, а кој ќе го загуби својот живот заради Мене, ќе го најде.“
Наградување
(Мк 9,37.41; Лк 9,48; 10,16; Јн 13,20)
40 #
18,5; Лк 9,48; 10,16; Јн 12,44-45; 13,20; 1 Сол 2,13 „Кој ве прима вас, Мене Ме прима; а кој Ме прима Мене, Го прима Оној што Ме пратил. 41#3 Цар 17,9-24Кој прима пророк во пророчко име, ќе добие пророчка награда; и кој прима праведник во праведничко име, ќе добие праведничка награда. 42#18,5.10; 25,40; Мк 9,41И кој ќе напои еден од овие безначајни само со чаша студена вода затоа што е Мој ученик, вистина ви велам, нема да ја загуби својата награда.“
Селектирано:
Матеј 10: MAK2023
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023