1 Летописи 22:11-13
1 Летописи 22:11-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А сега, сине, Господ нека биде со тебе, та да имаш благослов и да Му изградиш дом на Господ, твојот Бог, според тоа како што Тој рече за тебе. Да ти даде Господ мудрост и разум и да те постави над Израел; и запази го законот на Господ, твојот Бог! Така ќе имаш успех, кога ќе земеш да ги извршуваш наредбите и законите, што Господ му ги заповеда на Мојсеј за Израел. Биди цврст и храбар, не плаши се и не паѓај со духот!
1 Летописи 22:11-13 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Сега, сине мој, Господ нека биде со тебе за да успееш за да Му изградиш Дом на Господа, својот Бог, како што рече за тебе. Само Господ нека ти даде разум и мудрост кога ќе те постави над Израел, затоа да го пазиш Законот на Господа, својот Бог! Ќе бидеш среќен ако ги вршиш внимателно одредбите и законите кои Господ му ги даде на Израел преку Мојсеја. Биди мажествен и храбар, не бој се и не плаши се!