1 Коринтјаните 12:1-8
1 Коринтјаните 12:1-8 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
А сега, драги пријатели христијани, сакам да ви напишам нешто и за духовните дарби, односно за даровите што Светиот Дух му ги дава на секој од нас, за да немате погрешна претстава по ова прашање. Знаете дека кога бевте пагани вие бевте заведени и влечени кон обожавање на неми идоли. Затоа сакам да ви кажам како да разликувате дали нешто е навистина од Бог: како што ниеден човек кој е воден од Божјиот Дух не може да Го колне Исуса, така и никој не може да исповеда дека Исус е Господ, доколку не е воден од Светиот Дух. Постојат разни духовни дарби, но сите нив ги дава истиот Дух. Постојат различни начини на кои секој од нас помага во Црквата, но сите ние работиме за истиот Господ. Постојат различни начини на кои Бог дејствува во нашите животи, но преку сите нас работи истиот Бог. Преку секој од нас, Светиот Дух дејствува за општа полза на сите. На некои луѓе Светиот Дух им дал дарба мудро да зборуваат, на други им дал особено знаење.
1 Коринтјаните 12:1-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А за духовните дарови, не сакам, браќа, да не знаете. Знаете дека, кога бевте незнабошци, се влечевте кај немите идоли, како да ве водеа. Затоа ви давам на знаење дека никој, кој зборува преку Божјиот Дух, не вели: „Проклет да е Исус!“, и никој не може да каже: „Исус е Господ!“, освен преку Светиот Дух. Постојат разни дарби, но Духот е еден и ист; има разни служби, но Господ е еден и ист; и разни дејства постојат, но Бог е еден и ист, Кој извршува сѐ во сите. А на секого му се дава во него да се пројави Духот за полза; зашто, на еден му се дава преку Духот да зборува со мудрост, на друг – да зборува знаење, преку истиот Дух
1 Коринтјаните 12:1-8 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Што се однесува за духовните нешта, браќа, не сакам да останете во незнаење. Знаете дека кога бевте многубошци, бевте влечени како терани кон немите идоли. Затоа ве известувам дека никој, кој зборува во Божјиот Дух, не вели: „Проклет да е Исус,“ и никој не може да каже: „Исус е Господ,“ освен преку Светиот Дух. Дарбите се различни, но Духот е ист. Различни се и службите, но Господ е ист. Има разлики и во дејствата, но Бог е ист, Кој врши сѐ во сите. Секому му се дава откровение на Духот за општа полза. На еден му се дава преку Духот слово на мудрост, на друг слово на знаење, преку истиот Дух