1 Коринтјаните 15:57-58
1 Коринтјаните 15:57-58 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Но Бог ни даде победа над гревот и смртта преку нашиот Господ Исус Христос и треба да Му бидеме многу благодарни за тоа. Затоа, драги пријатели христијани, бидете цврсти и непоколебливи, секогаш подготвени да го унапредувате делото Господово, свесни дека тоа што го работите за Господ нема да биде попусто.
1 Коринтјаните 15:57-58 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Да Му благодариме на Бога, Кој ни дарува победа преку нашиот Господ Исус Христос. И така, браќа мои возљубени, бидете постојани, непоколебливи и секогаш богати во делото Господово, знаејќи дека трудот ваш пред Господ нема да биде залуден.
1 Коринтјаните 15:57-58 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Но, фала Му на Бога, Кој ни даде победа преку нашиот Господ Исус Христос. Затоа, мои возљубени браќа, бидете цврсти, непоколебливи, секогаш пребогати во Господовото дело, знаејќи дека вашиот труд во Господа не е напразен.