1 Јован 3:21-24
1 Јован 3:21-24 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Драги мои, кога имаме чиста совест можеме да пристапиме пред Бог со увереност. Се што ќе побараме од Него, ќе добиеме, ако се држиме до Неговите заповеди и го правиме она што е во согласност со Неговата волја. А Божјата заповед е да веруваме во Неговиот Син Исус Христос и да се сакаме еден со друг. Така ни заповеда и Исус. Оние што се придржуваат до Божјите заповеди живеат во нераскинливо заедништво со Бог и Тој трајно живее во нив. Како знаеме дека Бог живее во нас? Доказ за тоа е Светиот Дух што ни го даде Христос.
1 Јован 3:21-24 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Возљубени, кога нашето срце не нѐ осудува, тогаш ние имаме слобода пред Бога, и, што и да побараме, добиваме од Него, бидејќи ги чуваме Неговите заповеди и правиме што е благоугодно пред Него. А заповедта Негова е таа, да веруваме во името на Неговиот Син Исус Христос и да се љубиме еден со друг, како што ни заповедал. И оној, што ги чува заповедите Негови, пребива во Него, и Тој – во него. А дека Тој пребива во нас, знаеме по Духот што ни Го дал.
1 Јован 3:21-24 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Возљубени, ако срцето не нѐ осудува, имаме смелост пред Бога, и што и да Го замолиме, примаме од Него, зашто ги пазиме Неговите заповеди и правиме што е благоугодно пред Него. А Неговата заповед е оваа: да веруваме во името на Неговиот Син Исус Христос и да се љубиме еден со друг, како што ни заповедал. И кој ги пази Неговите заповеди, останува во Него и Тој - во него. И по тоа знаеме дека Тој останува во нас: по Духот Кого ни Го дал.